fbpx

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира пред Собрание

-

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира пред Собрание за, како што велат организаторите, да ги потсетат пратениците дека треба ги слушаат граѓаните, а не партиските лидери.

„Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, но брзите прсти на пратениците послушници го игнорираа, па го распуштија Собранието. Ќе ве ‘поздравиме’ денеска за да ве потсетиме дека треба да си го расчистите ѓубрето што го оставивте со вашата неодговорност. Протестирам затоа што не нè слушате нас кои ве плаќаме, туку лидерот што ќе ви каже. Протестирам затоа што не размислувате со своја глава. Протестирам затоа што немаше услови ни да се опуштите, а вие се распуштивте“, пишува во најавата за настанот на „Фејсбук“.

Граѓаните најавуваат дека ќе бидат на улица сè додека не се исполнат нивните барања.

Протестот традиционално ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе продолжи кон Собранието.

Протести за денеска се планирани и во други градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...