fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

„Дојче веле“: Се стега обрачот околу политичките емисари во судството

Постојат докази за лица од судството кои по налог од судии спроведувале политички нарачки за да заштитат осомничени од предметите на Специјалното јавно обвинителство, јавува денеска македонскиот сервис на „Дојче веле“, повикувајќи се на судски извори. „Дојче веле“ јавува дека наскоро ќе бидат обелодените докази за притисоци врз судии и инструкции како да постапуваат по барањата на Специјалното јавно обвинителство. Меѓу...

„Шарената револуција“ најавува масовен протест в понеделник во 19 часот

„Шарената револуција“ ги повика сите слободоумни граѓани в понеделник, во 19 часот, на масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство, бидејќи, како што велат, имаат обврска да го спасат СЈО од прангите на криминалците на власт. Организаторите велат дека поместувањето за еден час се должи на најавениот топлотен бран. „На оваа корумпирана и криминална власт ѝ дадовме и повеќе од доволно...

Кривична пријава од СДСМ против судијката Поп-Стефанија за случајот „Тврдина“

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за судијката Александра Поп-Стефанија за одлуката да го прогласи Специјалното јавно обвинителство за ненадлежно за случајот „Тврдина“ - уништување на опрема за прислушување. - Во името на заштитата на правото и на законите, СДСМ ќе побара преиспитување на нејзината работа, како и на работата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Криминогената одлука да се прогласи...

Рокот изминува, ситно броиме, порача „Шарената револуција“

Поддржувачите на „Шарена револуција“ остануваат оптимисти дека нивните барања ќе бидат исполнети до крајниот рок – 18 јуни. Тие денеска поставија блокади на три мостови во Скопје – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза (кај МАНУ). На мостот Гоце Делчев демонстрантите го испишаа бројот два и напишаа „Ситно броиме“, потсетувајќи на рокот што го дадоа да се исполнат нивните...

„Шарената револуција“ денеска со протест во 18 часот пред СЈО

„Шарената револуција“ денеска во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство ќе протестира бидејќи, како што велат, СЈО е под закана, а сè уште трае и прогонот против демонстрантите. „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните, да...

Јанева: Нема да нè обесхрабрат да ја исполниме мисијата што ни е доверена

И покрај секојдневните предизвици со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство, нема да дозволиме да нè обесхрабрат во одлучноста и во посветеноста да ја исполниме мисијата која ни е доверена, водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и пред законите. Ова го кажала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во Брисел, на работилница на тема „Зајакнување...

Уставен суд има уште четири дена да се произнесе за СЈО, порача „Шарената револуција“

Остануваат уште четири дена, порача „Шарената револуција“ со натпис закачен на фасада во централното градско подрачје. Како што напишаа на нивната страница на „Фејсбук“, на Уставниот суд му остануваат уште четири дена да се произнесе по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство. „Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го...

„Шарена револуција“: Утре протест, в четврток блокади на три скопски мостови

Граѓанското движење „Шарена револуција“ повика на протест утре, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство. На настанот организиран на „Фејсбук“, пишува дека СЈО сè уште е под закана, а не е престанат ни прогонот на демонстрантите. „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен...

Шилегов: Уставен суд да се стави во одбрана на правото и на правдата

Уставниот суд утре има шанса да покаже дека правото и правдата може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски, рече денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - На седницата закажана за утре, Уставниот суд има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство. Одговорноста за владеењето...

Почна процедурата за утврдување на уставноста на СЈО

Уставниот суд ќе се произнесе за поднесената иницијатива за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“. По осум месеци чување во фиока, предметот веќе е доделен кај судија известител. Можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за среда. Познавачите на оваа материја сметаат дека судот нема да донесе одлука со која ќе се...

Шилегов: Создадени се услови за неопходна лидерска средба

Исполнети се двата услови за да се одржи неопходна лидерска средба за спроведување на брзи, фер, слободни и демократски избори, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Исполнети се двата услови, а тоа е одложување на изборите поради неисполнети услови и укинување на аболицијата. Оттука се создадени услови за лидерска средба. Неопходно е да има лидерска средба или политички дијалог за што е можно...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира во шест градови

Поддржувачите на „Шарената револуција“ денеска ќе протестираат во шест градови. Во 19 часот ќе се протестира во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен и во Свети Николе, а во Битола протестот ќе почне во 18.30 часот. На последниот протест во Скопје, „Шарената револуција“ даде рок до 18 јуни да се исполнат нивните приоритетни барања, односно  Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот...

Анкета на ИРИ: Паѓаат рејтинзите на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, но сè уште водат

Педесет и пет отсто од граѓаните сметаат дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не си ја завршува добро својата работа и не заслужува реизбор, а 33 отсто сметаат дека заслужува повторно да се најде на таа функција, покажува најновото истражување на направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Груевски, од 66 отсто поддршка во  јуни 2008 година, падна...

СДСМ: Уставниот суд да се изјасни за Законот за СЈО

„Како е можно повеќе од осум месеци Уставниот суд да не презема ништо во однос на иницијативата за Законот за Специјалното јавно обвинителство? Ако можеше Уставниот суд за само пет дена да поведе постапка и за само седум дена да донесе одлука за иницијативата на ДУИ, би требало да може и за СЈО“, велат од СДСМ. „Повеќе од осум месеци Уставен суд...

Хајндл изразил поддршка за Јанева и за работата на СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, вчера попладне се сретнала со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл. На средбата, како што стои во соопштението од СЈО, била истакната поддршката за непречено работење на ова јавно обвинителство во насока на исполнување на исклучително важниот мандат што му е зададен. „Во оваа насока, тој го истакна и очекувањето за професионална соработка со ова јавно обвинителство...

„Шарена револуција“: Време е за нов крик, утре пред СЈО

Демонстрантите на „Шарена револуција на својот фејсбук-профил објавија нов повик за протест, утре во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. „Граѓанки и граѓани, ве повикуваме да се собереме на масовен протест в петок, 10 јуни, во 18 часот, пред нашата тврдина - Специјалното јавно обвинителство, да им кажеме на властите дека одбројуваме и дека нашите барања се бескомпромисни. Поминаа три дена откако...

Заев: Да се потврди уставноста на СЈО и да се ослободат сите приведени

Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и сите приведени граѓани кои протестираат да бидат ослободени, побара денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како услов за да може да продолжат преговорите помеѓу партиите за подготовка на парламентарни избори. Тој за овие услови даде рок до 18 јуни. - Само ако се исполнат овие...

Хан: Договорот од Пржино и понатаму е на сила

Потребно е целосно спроведување на Договорот од Пржино, вели еврокомесарот Јоханес Хан, во интервју за порталот „Еурактив“. - Постојано подвлекував што очекуваме од политичките лидери во земјата: целосно спроведување на Договорот од Пржино, кој го постигнаа политичките лидери минатото лето и кој и понатаму е на сила, сериозно работење на реформите за правна држава, целосно повлекување на амнестијата од страна на претседателот Иванов и...

Хајндл во вторник повторно во Македонија

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, во вторник повторно ќе допатува во Македонија. Тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. На Хајндл ова ќе му биде трета посета на Македонија за нешто повеќе од еден месец. При последната посета, на 19 мај, тој побара да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, а сите...

„Шарена револуција“: Вие кривични, ние похрабри

На денешните протести на „Шарената револуција“ главна маскота беше импровизирана гатачка, настан инспириран од последните аудиозаписи што ја разбрануваа јавноста, а во кои, наводно, се слуша како премиерот Никола Груевски се советува со гатачка за својата кариера. „Гатачката“ вели дека предвидувала неславен крај за владејачката партија, а победа за „Шарената револуција“. Демонстрантите и денеска ја боеја Владата. Додека се фрлаше боја, демонстрантите со...