fbpx

„Шарена револуција“: Вие кривични, ние похрабри

-

На денешните протести на „Шарената револуција“ главна маскота беше импровизирана гатачка, настан инспириран од последните аудиозаписи што ја разбрануваа јавноста, а во кои, наводно, се слуша како премиерот Никола Груевски се советува со гатачка за својата кариера.

„Гатачката“ вели дека предвидувала неславен крај за владејачката партија, а победа за „Шарената револуција“.

Демонстрантите и денеска ја боеја Владата. Додека се фрлаше боја, демонстрантите со овации скандираа „Многу ни е добар чаталот“. Обоено подоцна беше и Собранието.

Протестот, како и претходните денови почна, пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, под мотото „Вие кривични, ние похрабри“.

На улицата пред седиштето на власта, „командосите“ со боја испишаа „Обоени ви се деновите“.

Протестот беше мирен, а со шарениот „пикап“ управуваа жени кои се редовни учеснички на „Шарената револуција“.

Инаку денеска на „Фејсбук“, „Шарена револуција“ најави дека в понеделник ќе објави план за излез од кризата и за крај на криминалното владеење.

„Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и за способноста на власта да сокрие убиство на дете – Мартин Нешковски. Пет години подоцна, овој датум ќе добие уште поголемо значење. Два месеца неуморно протестираме за слобода, правда и за еднаквост. Во Македонија, десетици илјади граѓани во последниве 55 дена излегоа на улиците, а можеме само да претпоставиме уште колку има кои поради притисок и закани не смеат да протестираат. Наша прва победа е одложувањето на криминалните избори кои требаше да се случат оваа недела. Но, два месеца протестираме и против аболицијата на криминалците од власта. Токму тие криминалци не сакаат мирно да се повлечат и да им се суди за нивните злодела. Досега им дадовме доволно време! Дојде часот да ставиме крај на оваа криза! Ве повикуваме сите на 6 јуни (понеделник), во 18 часот пред СЈО, да го најавиме крајот на криминалното владеење во Македонија. Да бидеме точни, да бидеме бројни и да бидеме гласни! На сите да им кажеме јасно и гласно што бараме! Нашето трпение помина! Нема повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се бореа против овој режим. В понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! В понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! Нема веќе да нè гледаат од шест, но ќе нè гледаат секој ден – сè посилни. Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто! Да живее Македонија и сите оние кои веруваат во слобода и демократија!“, стои во повикот.

13346946_10156913639940109_6395157714660893904_n

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...