fbpx

Хан: Договорот од Пржино и понатаму е на сила

-

Потребно е целосно спроведување на Договорот од Пржино, вели еврокомесарот Јоханес Хан, во интервју за порталот „Еурактив“.

– Постојано подвлекував што очекуваме од политичките лидери во земјата: целосно спроведување на Договорот од Пржино, кој го постигнаа политичките лидери минатото лето и кој и понатаму е на сила, сериозно работење на реформите за правна држава, целосно повлекување на амнестијата од страна на претседателот Иванов и последно, но не и помалку важно, неограничена поддршка на работата на специјалната обвинителка, што е дел од Договорот од Пржино – вели Хан.

Еврокомесарот Хан, во интервјуто вели дека интересите на Македонија и на нејзините граѓани треба да се стават пред партиско-политичките интереси.

– Во основа, се работи за тоа интересите на земјата и на нејзините граѓани да се стават пред партиско-политичките интереси. Европската Унија и меѓународната заедница дадоа сè од себе за да му дадат поддршка на демократскиот реформски процес. Но, спроведувањето може да успее само ако политичките лидери се држат до договорите што ги потпишале и до своите обврски и ако преземат одговорност за тоа – вели Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...