fbpx

Уставен суд има уште четири дена да се произнесе за СЈО, порача „Шарената револуција“

-

Остануваат уште четири дена, порача „Шарената револуција“ со натпис закачен на фасада во централното градско подрачје.

Како што напишаа на нивната страница на „Фејсбук“, на Уставниот суд му остануваат уште четири дена да се произнесе по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

„Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го испорачаа граѓаните кои протестираат со ’Шарена револуција’ и ’Протестирам’. Насетуваме дека немате намера да се произнесете и дека со тоа можеби најавувате идно укинување на Специјалното јавно обвинителство. Мисли Уставен суд, размисли и присети се колку гнев има меѓу граѓаните и на што се подготвени за да ја одбранат правдата“, пишува на страницата на „Шарената револуција“.

Поддржувачите на „Шарената револуција“ бројот „4“ симболично го напишале и  пред Порта „Македонија“. По оваа герила акција, активистот Павле Боговски бил легитимиран од полицијата и добил платен налог за сторен прекршок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...