fbpx

Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО

-

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги почитува своите уставни обврски и дека ќе овозможи реализација на владеење на правото. Сè уште го очекуваме одговорот на прашањето што му го упативме, во врска со тоа од каде Иванов има информации за наши тајни предмети“, изјави на денешната прес-конференција Ленче Ристоска, обвинителка и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство.

Ристоска изјави дека на списокот на помилувани од Иванов имало лица кои се осомничени, лица кои биле во својство на сведоци, како Коста Крпач, и лица за кои до моментот кога беа објавени аболициите не биле поведени никакви постапки. Тие лица немале никакво својство во СЈО, ниту како осомничени, ниту како сведоци.

– Ова го истакнувам затоа што имавме лица, кај кои имавме вршено претреси за потребите на предистражните постапки, а тие лица се најдоа на оваа листа – изјави обвинителката.

Од случаите за кои СЈО отвори истражни постапки, како и за случајот „Пуч“, кој е во судска фаза, не се повлечени помилувањата за вкупно 18 лица.

Во случајот „Титаник“, не се повлечени аболициите за пет лица, во „Тврдина“ за три лица, во „Тортура“ за шест, во случајот „ТНТ“ за две лица и во „Пуч“ за, исто така, две лица.

– Ние очекуваме сите аболиции да бидат повлечени – рече Ристоска и истакна дека истрагите и предистражните постапки на СЈО продолжуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...