fbpx

СЈО бара да ѝ се одземе пасошот на градежната инспекторка од Гази Баба

-

Специјалното јавно обвинителство бара да ѝ биде одземен пасошот на градежната инспекторка од Општина Гази Баба, Елисавета Најдовска, која е првоосомничена во случајот „ТНТ“, објави „24 Вести“.

Од СЈО велат дека освен одземањето на патната исправа, побарале да ѝ биде наметната и обврска постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за другите тројца осомничени – членови на комисијата за јавни набавки во Општината. За вкупно четири лица се побарани овие мерки за да се обезбеди нивно присуство додека е во тек истрагата за овој случај.

Дали Најдовска и другите осомничени ќе останат без пасошите, судот треба да одлучи на 17 мај. На вчерашната седница за распит, одбраната побарала одложување.

Пред еден месец СЈО за случајот „ТНТ“ објави дека Никола Груевски, како претседател на Владата, и Миле Јанакиески, како министер за транспорт и врски, го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, да најде начин и незаконски да го урне објектот „Космос“. Нарачките, според СЈО, ги спровела токму инспекторката. Но, освен Најдовска, овие функционери беа аболирани од претседателот Ѓорге Иванов и засега не се осомничени и немаат кривична одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...