сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: шуми | 34 резултати

Националните паркови ќе добијат пари од буџетот и ќе наплатуваат влез

28 јануари 2024

Четирите национални паркови во земјава, „Пелистер“, „Галичица“, „Маврово“ и „Шар Планина“, за првпат ќе добијат пари од буџетот во висина од 20 милиони денари или нешто над 325.000 евра. Институциите кои досега постојано се финансираа исклучиво од сопствени средства и донации, со одлука на Министерството за животна средина годинава ќе бидат директно финасирани, а целта […]

С.Македонија и Албанија ќе ги ревитализираат шумите важни за опстанокот на балканскиот рис

6 септември 2023

Во текот на изминатите две децении, Северна Македонија и Албанија загубиле 5,5, односно 6,5 отсто од вкупната површина на шумите, според податоците од Global Forest Watch. Трендот е алармантен особено во регионите богати со биодиверзитет, кои ги опфаќаат и живеалиштата неопходни за опстанокот на критично загрозениот балкански рис и кои претставуваат витални коридори за дивиот […]

Ревизорите утврдија: Нема стратешко планирање и контрола на состојбата со шумите

16 јуни 2023

Во Македонија постои отсуство на стратешко планирање и систематско следење и контрола на состојбите со шумите, недоволен капацитет и организација при извршувањето на управни и стручни работи кои влијаат на остварувањето на целите за управување и стопанисување со шумите во насока на нивно трајно сочувување и зголемување на нивната површина и вредност, е заклучокот на […]

Бесправната сеча на дрвјата цвета, дрвокрадците тешко стигнуваат до казни за кривичните дела [инфографик]

23 февруари 2022

Живеат во една општина, но со дрвокрадство се занимаваат на територијата на друго населено место, оперираат во групи од 10 до 30 луѓе кои имаат ниски социјални стандарди, дејствуваат со возила „Лада Нива“ и камионети „ТАМ“, вооружени се и агресивни и добро организирани меѓу себе. Ова се најчестите карактеристики на дрвокрадците коишто ги пустошат шумите […]

Догодина ќе се пошумуваат околу 500 хектари, за повеќе засадени дрвја требаат финансии

16 декември 2021

Јавното претпријатие „Национални шуми“ догодина планира да пошуми површини на околу 500 хектари, при што планирано е да се засадат од 2.000 до 2.500 садници по хектар во земјава. Според податоците што ги добивме од ЈП „Национални шуми“, во изминативе 10 години во земјава се пошумувале од 400 до 600 хектари годишно од нивна страна. […]

Дрвокрадци фатени на дело на планината Беласица

9 декември 2021

Полицијата пронајде бесправно исечени огревни дрва на неколку различни локации на планината Беласица. Вчера службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што ги запреле Ф.М. (29) од село Банско и Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко. […]

Светските лидери на КОП26 се обврзаа да стават крај на дефорестацијата до 2030 година

2 ноември 2021

На светскиот самит за климата КОП26, денеска се очекува повеќе од 100 светски лидери да стават крај на дефорестацијата, односно на уништувањето на шумите и да преземат мерки за поправање на штетите и за враќање во претходна состојба. Денешното потпишување на заложбата е првото крупно постигнување на двонеделниот собир што се одржува во Глазгов во […]

Климатските активисти бараат одговорност: Болсонаро почна сеопшт напад врз Амазонија

12 октомври 2021

Група правници-климатски активисти побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да го испита бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за неговите наводни напади врз Амазон, за кои велат дека претставуваат „злосторства против човештвото“, објави денес Си-Ен-Ен. Австрискиот застапник за еколошка правда Олрајс утрово поднел официјална жалба до судот во Хаг. Поднесена е тужба против Болсонаро и неговата администрација […]

Шумите ни страдаат оти ги чуваат многу малку луѓе со оскудна опрема

7 октомври 2021

Да се инвестира во превенција од пожари и нелегална сеча на дрва, да се опремат противпожарните бригади со нови возила и повеќе човечки кадар, да се модернизираат шумската полиција и шумочуварите, а во системот на заштита на шумите да се внесат нови технологии. Тоа се главните заклучоци од јавната дискусија насловена „Справување со заканите против […]

Во заштита на шумите за пет години сме инвестирале само 480.000 евра, не е чудо што ги снемува

19 септември 2021

С.Македонија премалку инвестира во заштита на шумите, а краен резултат од ваквата негативна пракса е уништувањето на огромни пространства засадени под дрвја. Во изминативе пет години, трошоците и инвестициите за заштита на шумите во земјава изнесувале само 29.516.000 денари, односно скромни 480.000 евра. За разлика од ова, големите шумски пожари што ја зафатија нашата земја […]

Лани загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина [инфографик]

11 септември 2021

Во Македонија лани е забележано загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина. Во развиените земји, надминувањето на загадувањето се решава по принципот „загадувачот плаќа“, што повлекува со себе подмирување на трошоците за заштита на животната средина, кои треба да ги сноси правното или физичкото лице кое го врши самото загадување на почвите, водите, […]

Пожарите досега проголтаа 8.803 хектари шумска површина во земјава

25 август 2021

Извештајот на Јавното претпријатие Национални шуми за штетите од овогодинешните пожари во земјава, заклучно со 15 август, покажува дека со пожарите била зафатена површина од 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, информираат од владината прес-служба. Владата на вчерашната […]

Пожарите во Беровско локализирани, сè уште гори во Скопско, Кумановско и Прилепско

11 август 2021

Борбата со огнената стихија продолжува на повеќе локации во земјава. Активни се уште се пожарите во Скопско, Кумановско и Прилепско. По десетина денови борба, со заеднички напори на македонските пожарникари и припадници на армијата, заедно со австриските, словенечките и бугарските пожарникари, според информации од Центарот за управување со кризи, конечно е локализиран и ставен под […]

Пожарите зафатија илјадници хектари, речиси 700 лица ги гасат, ЕУ испраќа дополнителна помош

5 август 2021

Ветерот којшто засилено дува во моментов во земјава, пропратен со високите температури и сушното време, продолжува да прави проблеми во гаснењето на пожарите низ земјава. Центарот за управување со кризи, според податоците заклучно со 13 часот денеска, информира дека актуелните пожари во Штипскиот, Струмичкиот, Битолскиот, Охридскиот, Тетовскиот и Кумановскиот регион досега уништиле над 4.000 хектари […]

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

5 август 2021

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ситуацијата лани била подобрена во споредба со претходните години, но […]

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

3 август 2021

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е […]

Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени [инфографик]

31 јули 2021

Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Она што најмногу загрижува е фактот дека земјава […]

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите поради опасност од пожари

1 јули 2021

Јавното претпријатие „Национални шуми”, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, како последица од зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и по шумското земјиште со кои стопанисува, низ целата територија на државава. По претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“ објави дека, […]

Малите хидроцентрали ги уништуваат шумите и обезвреднуваат импозантни речни долини

17 март 2021

Голем дел од малите хидроцентрали се изградени во најатрактивните речни долини, кои што извираат од исклучително високи планински венци, заштитени и значајни подрачја од највисоко значење и со тоа неповолно влијаат на геоморфологијата на пределите и загубата на шумите во Северна Македонија. Овие уникатни предели трајно губат од своето значење и нема да се сметаат […]

Забраната за движење по планини нема да важи за Водно, направен е превид во одлуката

17 април 2020

Водно е изземено од одлуката за забрана на движење по шуми и шумските предели во државата, но во соопштението до јавноста е направен превид и тоа не е спомнато, информираат од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, по револтот кој се појави меѓу граѓаните на социјалните мрежи. „Министерството ја донесе одлуката на барање на ЈП […]

Страна 1 од 2