fbpx
Таг: Штип

таг: Штип

Се шири заразата и во осма поголема компанија во Штип

Вкупно пет случаи на ковид-19, заедно со најновите денешни, се потврдени во поголема штипска компанија од кожарско-текстилната индустрија. На почетокот од неделата во компанијата беа потврдени три случаи, а со денешните два нови, тој број порасна на пет. Сопственикот, како што потврдија од Центарот за јавно здравје од Штип, одлучил да го прекине производството во наредните седум дена. Во...

Предупредувачка акција во Штип – неодговорното однесување има своја цена

Штип-арт активистите денескаa спроведоа уште една акција поврзана со неодговорното однесување на работодавачите, превозниците, работниците и институциите во поглед на препорачаните мерки од Светската здравствена организација и Кризниот штаб, поради што градот под Исарот стана уште едно жариште на ковид-19. „Сакаме да пренесеме порака дека неодговорното однесување си има своја цена и истото е претставено преку банерот кој е поврзан...

Од 800 тестирани текстилни работници во Штип, 126 се позитивни на ковид-19

„По неколкудневното тестирање на над 800 работници во седум штипски текстилни фабрики, може да се каже дека состојбата со ковид-19, 90 отсто е ставена под контрола“, вели директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова. Таа појасни дека од вкупниот број на тестирани лица, 126 се позитивни или 15,7 отсто од тестираните. Најголем дел од позитивните, или...

Текстилните работници се враќаат на работа, меѓу заболените и двајца медицински работници во штипската болница

По вчерашниот рекорден број на заболени во Штип, кога беа евидентирани 33 позитивни главно тесктилни работници, денеска беше потврдено дека меѓу заболените има и двајца медицински работници. Медицинска сестра од Инфективното одделение од Клиничката болница од Штип е позитивна на ковид-19, како и еден вработен на Физикалното одделние. По потврдата на болеста кај медицинската сестра, во изолација се шестмина други...

Владата за викендов ја забрани работата на текстилните и кожарски капацитети во Штип

Владата по барање на Општината Штип донела акт, со кој се забранува работа на компаниите во текстилниот и кожарскиот сектор за време на претстојниот празник и викенд, а се забранува и издавање на дозволи за движење, рече на прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Според Бочварски, ова е начин да се превенираат потенцијални случаи на Ковид-19, во ситуација кога...

Предлог за цел викенд во карантин за Скопје, Штип, Куманово и за Тетово

Во претстојниот продолжен викенд, забрана за движење, односно полициски час, да има од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро, и тоа во сите скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Ова е одлуката која во форма на предлог е дадена на усвојување во Владата,...

Oсмани бара да се назначат ковид координатори во секоја компанија и институција

Отворање на нова позиција на ковид координатор во секоја институција и во секоја компанија. Тоа го препорача денеска од Штип координаторот на Општинските кризни штабови, Бујар Османи. Вицепремиерот смета дека оваа болест и епидемија ќе трае и за да се заштитиме од економски загуби, најдобро е да се обезбеди човек, кој ќе се грижи за спроведувањето на протоколите и...

Регистрирани 55 позитивни на Ковид-19 од штипските конфекции, тестирањето на вработените продолжува

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова на денешната прес-конференција соопшти дека будно се следи ситуацијата со ширењето на Ковид-19 во текстилните фабрики во Штип и правните субјекти во Тетово. - Заклучно со 1 јуни, во Штип издадени се 55 решенија на лица позитивни на Ковид-19 за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за...

Затворени пет текстилни фабрики во Штип, градот пред карантин

Доколку продолжи растот на заболени од Ковид-19, Штип заедно со Скопје и Тетово многу веројатно ќе биде затворен по пример на карантинот во Дебар. Утре за ова ќе одлучува Комисијата за заразни болести, која во зависност од новите бројки ќе препорача или не, карантин за градовите со голем број на заболени со Ковид 19. Ова на прес-конференција во Штип...

Девет нови случаи на Kовид-19 во Штип, текстилната фабрика останува жариште

Група епидемиолози од Институтот за јавно здравје во Скопје денеска се во Штип, во увид на состојбата, откако деновиве се појавија нови случаи на заболени од Kовид-19, со жариште во текстилна фабрика. Во Центарот за јавно здравје во Штип денеска се евидентирани девет нови случаи до 12 часот, додека во евиденцијата на Министерството за здравство, според вчерашните тестирања, има...

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот

Новите 11 тестови што беа направени вчера, потврдија пет нови случаи на заболени од Ковид-19 во Штип. Од новите пет позитивни случаи, четири се вработени во една иста конфекција, од каде веќе има две заболени работнички, потврдени во петокот и саботата. Новиот петти случај од денеска, нема врска со ниту еден претходен заболен и се смета за нов кластер,...

Две работнички во штипска конфекција заболеа од корона вирусот

Со тестовите во петокот и еден вчера, потврдени се две случаи на заболени работнички со Ковид-19 во текстилна фабрика во Штип, потврдија од Центарот за јавно здравје во Штип. Случаите се поврзани со новиот кластер во Штип со заболениот таксист и неговата сопруга медицинска сестра во приватна ординација. Утре се очекуваат резултатите од земените седум тестови на високоризични контакти...

Вработен во „Ванхол“ е првиот заболен во Лозово од Ковид-19, нема заболени во Свети Николе

Мала забуна меѓу граѓаните на Свети Николе предизвика веста од Министерството за здравство дека еден од новозаболените лица со Ковид-19 е од оваа општина. Меѓутоа, набргу се решија дилемите и Свети Николе и натаму останува еден од ретките македонски градови без Ковид-19. Заболеното лице е од селото Дорфулија, Општина Лозово, кое работи во странската компанија „Ванхол“ во индустриската зона...

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. Општина Штип, пак, допрва ќе...

Момчињата од Штип кои претепаа девојка добија казна затвор од 2,5 години

Двајцата штипјани, кои целата јавност преку видео снимка ги виде како навредуваат и претепуваат девојка, денеска во Основниот суд во Штип беа осудени на казна затвор од по 2,5 години. Тие се осудени за делото „Насилство“, откако во јануари годинава, во влезот на станбена зграда претепаа 21- годишна девојка од Штип. П.Р.(23) и С.А.(26) денеска не беа на изрекување на...

„Беше недоразбирање“ – двајцата штипјани ја признаа вината за тепањето на девојката

Со признание на вина и каење, во еден ден почна и заврши судењето на двајцата штипјани, кои во текот на јануари претепаа девојка во влезот на станбена зграда во Штип и тоа го снимија на мобилен телефон. Снимката ја згрози јавноста, која изрази силна осуда за делото. Според сведочењето на обвинетите за насилство, П.Р.(23) и С.А. (26), и двајцата од...

Одложено судењето на двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип

Во Основниот суд во Штип денеска не започна судењето на двајцата млади штипјани, кои македонската јавност ги виде во неодамна објавената видео-снимка, како тепаат девојка во влез во зграда. Судењето е одложено за вторник, 28 април, по барање на адвокатот Валентин Зафиров од Велес, кој не успеал да оствари контакт со неговите клиенти, туку го добил обвинителниот акти. П.Р.(23) и...

Заболени двајца специјалисти и четворица здравствени работници од болницата во Штип

Вкупно шест здравствени работници од штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19, меѓу кои и доктор специјалист - инфектолог. Една медицинска сестра од Одделението за ортопедија на штипската Клиничка болница е позитивна на Ковид-19, по што уште тројца здравствени работници од ова одделение се во изолација. Ова го потврди директорот на болницата, Ален Георгијев. - Во моментот кога е потврдено...

Уред за зрачна дезинфекција промовираа двајца иноватори од Свети Николе

Економист и систем инженер, двајца млади светиниколчани, чие хоби се иновациите, денеска го презентираа својот изум – уред за дезинфекција на воздухот, кој работи на принципот на силни УВЦ зраци во елиминација на вирусите и бактериите. Доволно е овој апарат да биде вклучен 20-30 минути во просторијата и за тоа време ги уништува сите микроорганизми. Апаратот е мобилен, што...

80-годишна штипјанка со Ковид-19 пренесена на Инфективната клиника во Скопје

Жената со потешка клиничка слика, три дена откако била примена на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, синоќа е пренесена на Инфективната клиника во Скопје. Како што потврди инфектологот Дијана Шишкова, на пациентката ѝ било потврдено присуството на корона вирусот. На Инфективното одделение во Штип се наоѓа уште еден пацинет, кој беше хоспитализиран во текот на викендот. Д-р Шишкова...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...