fbpx

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот

-

Новите 11 тестови што беа направени вчера, потврдија пет нови случаи на заболени од Ковид-19 во Штип. Од новите пет позитивни случаи, четири се вработени во една иста конфекција, од каде веќе има две заболени работнички, потврдени во петокот и саботата. Новиот петти случај од денеска, нема врска со ниту еден претходен заболен и се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип.

Со најновите четири заболени текстилни работнички, бројот на заболени во истата конфекција се зголеми на шест. Во конфекцијата извршена е дезинфекција на просториите во текот на вчерашниот ден. Додека Центарот за јавно здравје врши нови тестирања, работниците денеска не се на работа.

Конфекциите и најновите бројки на заболени ќе бидат тема на разгледување на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски.

„Во текот на вчерашниот ден е разговарано со превозниците. Тие потврдија дека прават редовна дезинфекција на автобусите,“ изјави Бочварски.

Лекарите веќе изразија загриженост дека не само погоните, туку проблем се и автобусите, каде не се држи социјална дистанца. Исто така целосно не се почитуваат мерки за време на паузите. Денеска пред членовите на Општинскиот кризен штаб сите опции се на маса. Еден од предлозите е целосно стопирање на работата на дел од конфекциите, за кое време работниците ќе го искористат стариот одмор, но тоа ќе зависи и од ставот на сопствениците, кои деновиве се во потрага на нови договори за шиење на маски, главна дејност последните два месеца на штипските конфекции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...