fbpx
Таг: Штип

таг: Штип

Штипските радиоаматери „фатија“ сигнал и презедоа фотографија од Меѓународната вселенска станица (видео)

Меѓународната вселенска станица (ISS) вчера од височина од околу 425 километри над Земјата емитуваше сигнал, кој беше „фатен“ од радиоаматерите на клубот „Никола Тесла“ од Штип. Од клубот објаснуваат дека, според најавата, Меѓународната вселенска станица околу 18.42 часот „прелетала“ над Централна Европа, а тие се обиделе - и успеале - да го примат сигналот, со кој се емитуваа неколку фотографии...

За четири дена, во штипската болница починаа пет пациенти од ковид-19

Изминатата недела, во перидот од 17 до 20 септември, на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти од Делчево во ист ден, на 17- ти септември, еден виничанец, кој починал следниот ден, а две пациентки од Штип починале на 20-ти септември. Ова е најцрниот биланс во една седмица од почетокот на епидемијата во штипската болница, каде...

Парите од неизградениот карго аеродром во Штип ќе се трошат за инфраструктурни проекти

Владата и ТАВ Македонија во наредниот период ќе склучат анекс на договорот за концесија на македонските аеродроми, со што средствата предвидени за изградба на карго-аеродромот во Штип ќе се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата. За ова информираше министерот за економија Крешник Бектеши, откако денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија. Министерот Бектеши информираше дека во...

Aктивистите во Штип со квиз за корона и прашање – „Чија е одговорноста“?

Штип, градот кој повеќе од три месеци беше жариште на ковид-19, изутринава осамна со прашањето „Кој е крив?“ поставено во централното градско подрачје, во коритото на реката Отиња. На плоштадот „Слобода“ пак, е поставена топка и прашање – „Чија е одговорноста“? Овие прашања се симболичен дел од „Корона квиз на одговорност“, со кој неформалната група на арт активисти го покренуваат...

Претпразнично гореше уште едно возило во Штип

Уште едно запалено возило сред ноќ на паркинг во Штип е пријавено во штипската полиција. Според полицискиот билтен, ноќта на 08.09.2020 година во 02.05 часот во СВР Штип е пријавено дека во населбата „8-ми Ноември“ на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип гори возило од марката „мерцедес“,  сопственост на Е.Ќ.(24) од Штип. Пријавено е дека пожарот настанал во временскиот период од...

Јане Миланов е в.д градоначалник на Општина Штип

Со размена на пенкало и плакета, претпладнево во Општина Штип беше испратен досегашниот градоначалник Благој Бочварски, а промовиран новиот Јане Миланов кој функцијата в.д. градоначалник треба да ја врши до предвремените избори, што треба да се одржат на општинско ниво најдоцна за шест месеци од денеска. Досегашниот претседател на Советот на Општина Штип, Јане Миланов пред една недела си даде...

Градоначалникот Бочварски станува министер, повлече домино промени во Општина Штип

Како што беше најавено, актуелниот градоначалник на Штип Благој Бочварски се најде во денешната предложена листа за состав на новата влада на мандатарот Зоран Заев, како предлог за нов министер за транспорт и врски. Пред денешното предлагање, во изминатите денови се случија повеќе промени во Советот на Општина Штип, како подготовка за заминувањето на Бочварски во централната власт. Извесно е...

Предложен отказ за административка од Штип која држела партиска прес-конференција додека била на боледување

За поранешната директорка на Дом на млади во Штип, сега вработена во Општина Штип, Вишна Шорова – Ангелова, вчера заседавала дисциплинска комисија, која предложила најстрога мерка – отказ поради злоупотреба на боледувањето. Шорова – Ангелова додека била на боледување, во предизборието држела партиска прес конференција. Денеска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ова го оценија како партиски реваншизам...

Апарати за брзи тестови ќе се постават во 16 монтажни ковид центри низ државата

Машини – апарати за тестирање, кои за неколку часови ќе можат да дадат резултати за присуство на корона вирусот, ќе бидат инсталирани во монтажните болници, 16 на број, кои Министерството за здравство ги подготвува за во септември, кога се очекува втор бран на епидемијата. Ова денеска во Штип го најави државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, кој...

Со растот на новозаболени од ковид-19 во Штип, Клиничкиот центар побара монтажна болница

Од неколку текстилни компании доаѓаат новите потврдени случаи на ковид-19 во Штип, кои според Центарот за јавно здравје денеска се над дваесет. Бројката не е целосна, бидејќи се очекуваат резултатите од земените брисеви од уште неколку лаборатории. Две текстилни компании привремено се затворени, додека трета со над 300 вработени, делумно ги ослободи од работа работниците кои имаат симптоми. Сопственикот најави...

Во Штип денеска 13 новозаболени, се очекуваат препораки до компаниите со болни работници да затворат

„Што е следно? Ќе оди ли Штип под карантин?“, се прашањата што доминираат меѓу штипјани откако вчера беше објавена бројката од 60 новозаболени од ковид- 19 од овој град. Иако смирувачки делува денешната бројка од 13 нови позитивни случаи, сепак, кренат е алармот и кај институциите и кај граѓаните. Се очекува на состанок со сопствениците на компании каде има болни...

Една четвртина од новозаболените од ковид-19 се од Штип – рекордни 60 позитивни

Изненадувачки висока бројка од 60 новопотврдени случаи на ковид-19 од Штип влезе вчера во билтенот на Министерството за здравство. Половина од новозаболените се утврдени со скринингот во текстилна компанија, чиј сопственик неделава, по појавата на заболен, нарача тестирање за сите над сто вработени. Останатите 30 новозаболени, според директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, Марија Димитрова се работници од...

Штип засега со четворица пратеници, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, по еден од СДСМ и Левица

По првичните неофицијални резултати од Општинската изборна комисија во Штип за вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори, извесно е дека штипјани ќе ги претставуват двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од СДСМ и од Левица. Сигурен влез во Собранието обезбедија Иван Јорданов, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и неговиот сопартиец, Никола Мицевски, кому ова ќе му биде трет мандат....

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Првичните неофицијални партиски резултати од предвремените парламентарни избори во источниот дел на земјава покажуваат тесна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Според актуелниот распоред на гласовите во Штип, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 10.122 гласови, СДСМ – 10.010, Левица – 1.204, ГДУ – 601, Интегра – 346, ДУИ – 187, МОРО – Работничка партија – 125,...

Штип: Мирен избирачки ден, помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година

Помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година е регистрирана на денешното гласање на 80-те избирачки места во Штип. До 20:30 часот, излезноста во Штип изнесува 56,65 отсто, наспроти 72,74 отсто на парламентарните избори во 2016 година. На одредени места излезноста се движеше меѓу 50 и 70 отсто. Избирачкиот ден на предвремените парламентарни избори во Штип генерално помина во...

Во Штип отворени сите гласачки места, гласањето се одвива без проблеми

Со задолжителните заштитни маски и дезинфекција на влезот од гласачките места се одвива гласањето во 80 избирачки места во Штип. Изутринава во седум часот беа отворени сите гласачки места, каде гласањето се одвива без никакви проблеми. До 9.00 часот излезноста e 9,77 или гласале вкупно 3.424 гласачи, соопштуваат од Општинската изборна комисија. На гласачките места од изутрината можат да се...

Корона вирусот влезе во пет нови текстилни компании во Штип

Работници од пет текстилни компании и нивни блиски деновиве ги чинат новите бројки на заболени лица од ковид-19 во Штип. Вчера имаше 14 потврдени случаи, денеска бројката е близу десет, но не се комплетирани резултатите од тестирањата од уште две лаборатории, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Штип. Сите компании, освен една, редовно работат. На лекување се болните, додека...

Хелсиншки комитет: Годинава пораснал бројот на пријави за говор на омраза

Во периодот од 1 јануари до 30 април годинава, евидентирани се 298 пријави по различни категории за говор на омраза до веб-платформата govornaomraza.mk, покажува мониторингот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, спроведен со фокус на три пилот општини: Штип, Битола и Тетово. „Забележителен е порастот на пријави споредено со 2019 година. По прогласувањето на вонредната состојба, фокусот од парламентарните избори,...

Чулев: Не сум на пратеничка листа па да го кршам законот со користење на службено возило

По објавувањето на фотографии од министерот за внатрешни работи работи, Наќе Чулев, кој на средби со граѓаните заминал со службеното возило и полициска придружба на две други возила, во јавноста беа изнесени информации дека со тоа го прекршил законот и ја злоупотребил позицијата. Чулев негира дека го прекршил законот, а како што изјави денеска во Штип, службеното возило го...

Заболе сестра од Неонaтологија од Штип, седум родилки со бебињата во изолација

Позитивна на ковид-19 е медицинска сестра од Неонaтолошкиот оддел на Гинеколошко – акушерското одделение до Клиничката болница во Штип, по што седум родилки од Источниот регион, со нивните бебиња, се ставени во изолација. Направена е дезинфекција на одделението. Ова пополаднето го потврди директорот на Клиничката болница од Штип, Ален Ѓеорѓијев. „Од Центарот за јавно здравје прават анкети и досега на...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...