Две работнички во штипска конфекција заболеа од корона вирусот

-

Со тестовите во петокот и еден вчера, потврдени се две случаи на заболени работнички со Ковид-19 во текстилна фабрика во Штип, потврдија од Центарот за јавно здравје во Штип.

Случаите се поврзани со новиот кластер во Штип со заболениот таксист и неговата сопруга медицинска сестра во приватна ординација. Утре се очекуваат резултатите од земените седум тестови на високоризични контакти со веќе заболените.

Во поголем дел од конфекциите не се употребуваат маски, бидејќи според зборовите на работничките, тешко им доаѓа да работат со маски. Меѓутоа, епидемиолозите предупредуваат дека проблем не се толку погоните, колку што е возењето во полни автобуси, каде не се држи социјална дистанца. Не се почитуваат ниту правилата при паузите за појадок и кафе.

Поради тоа, од Центарот упатија апел до граѓаните да се придржуваат кон мерките.

„Штип е град на текстилната индустрија, па затоа најмногу сакаме да апелираме до текстилните конфекции и сите други субјекти кои имаат поголем број на вработени и кај кои производствениот процес налага на задолжително присуство на повеќе лица во една просторија. Истите, задолжително треба да се грижат за хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, дистанцата на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место да биде од 1,5 до 2 метри, задолжително да носат лична заштитна опрема – маски, а по можност и ракавици,“ соопштуваат од Центарот за јавно здрвје, од каде потсетуваат дека понатамошниот тек на пандемијата зависи најмногу од однесувањето и дисциплинираноста на секој еден граѓанин.

Од Центарот исто така потсетуваат дека во просторијата во која работат поголем број на лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу истите, носење на лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегне групирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор. Доколку е можно, да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...