fbpx

Предупредувачка акција во Штип – неодговорното однесување има своја цена

-

Штип-арт активистите денескаa спроведоа уште една акција поврзана со неодговорното однесување на работодавачите, превозниците, работниците и институциите во поглед на препорачаните мерки од Светската здравствена организација и Кризниот штаб, поради што градот под Исарот стана уште едно жариште на ковид-19.

„Сакаме да пренесеме порака дека неодговорното однесување си има своја цена и истото е претставено преку банерот кој е поврзан со претходната акција. Претходно во автобусите се возеа суперхероите на Штип, но денеска тие се полупразни бидејќи во нив се ширеше заразата со корона вирусот. Автобусите сега, наместо супер херои, превезуваат вируси на КОВИД 19“, порачаа активистите.

Исто така, пред текстилните фабрики, Општина Штип, плоштад “Слобода” и градскиот пазар беа поставени инсталации со фискални сметки, фактури и парагон блок на кои ги има податоците со бројот на заразени и мерките кои беа прекршувани како показател дека неодговорното однесување и непочитувањето на мерките резултира во зголемениот број на заразени, дијагностицирани, хоспитализирани и починати.

„Апелираме до сите граѓани, работодавачи, превозници и институции, да ги почитуваат мерките, да бидеме сите одговорни, солидарни, на висина на задачата и да го заштитиме колективното здравје во нашиот Штип“, порачуваат активистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...