fbpx
Таг: САД

таг: САД

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

(ФОТО) Снегот ја парализираше северна Америка

Четворица од 10 загинати Американци починале како последица од срцев удар при чистење на снегот, додека останатите жртви биле пронајдени во автомобили затрупани од снежна лавина. Снежното невреме ги затекна граѓаните целосно неподготвени, а повеќето од нив очекувале дека првиот снег ќе падне дури за десетина дена. Повеќе од сто автомобили се заглавени на автопатот во Њујорк. Поради снегот, кој на...

Снежното невреме во САД однесе 10 животи

Најмалку 10 лица загинаа во снежното невреме, кое ја зафати американската држава Њујорк. Поради големите снежни наноси, кои достигнуваат висина и преку 1,5 метар, затворени се училиштата. Националната гарда работи на расчистување на патиштата и на помагање на заробените лица во снегот. Според информациите на американските медиуми, во одредени делови на државата Њујорк, снегот достигна висина од 2,5 метри. Метеоролозите јавуваат дека следниот...

Во Мосул убиен еден од водачите на ИСИС

Еден од водачите на ИСИС е убиен во вчерашните воздушните напади врз ирачкиот град Мосул, соопштиле локални извори, пренесува хрватски „Индекс“. Станува збор за Радван Талеб ал-Хамдоуни, водач на радикалната милитантна група во Мосул. Според информациите, тој бил убиен заедно со својот возач, кога во воздушните напади во западниот дел од градот, бил погоден автомобилот во кој се превезувал. Хамдоуни беше гувернер...

(ВИДЕО) Пукање на Универзитетот „Флорида“, убиен е напаѓачот

Три лица се ранети при пукање во кампус на Државниот универзитет „Флорида“ во Талахаси. Напаѓачот е убиен, откако сттрелал во полицијата, јавува „Си-Ен-Ен“. Според информациите на американската телевизиска куќа, едно рането лице е во критична состојба. - Двајца ранети во пукањето се пренесени во болница. Еден од нив е во критична состојба - соопшти претставникот на болницата во Талахаси, Стефани Дерзиповски. Универзитетот веднаш...

САД: Снежното невреме го зароби Бафало

Нови снежни врнежи ја погодија сојузната американска држава Њујорк. Најтешка е ситуацијата во градот Бафало, кој е речиси „заробен“ во снег, чија висина достигна до 2,4 метри. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат. Најмалку седум лица починале како последица на невремето на североистокот на САД, од кои пет во Бафало, а две во државите Њу Хемпшир и Мичиген. Луѓето не можат...

Уапсен пред Белата куќа ппоради нелегално поседување пушка

Четириесет и едногодишен маж е уапсен пред Белата куќа, откако во неговиот автомобил е пронајдена пушка и поголемо количество муниција. Уапсениот, во средата, му пришол на полицаец во цивилна облека пред Белата куќа и му соопштил дека некој во Ајова му рекол да дојде пред Белата куќа и открил дека во близина го паркирал возилото. Полицаецот при претресот на автомобилот пронашол...

Васко Наумовски му ги предаде акредитивните писма на Барак Обама

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Васко Наумовски, вчера во Белата куќа му ги предаде акредитивните писма на претседателот на САД, Барак Обама. - На кратката средба, претседателот Обама ја истакна подготвеноста за натамошна соработка меѓу двете држави и ми посака успешен мандат во Вашингтон. Јас, притоа, се заблагодарив за поддршката од САД укажана во изминатите 20 години...

Сенат: Нема дебата за ставање крај на прислушувањето

Американскиот сенат ја блокираше расправата за предлог-законот за ставање крај на масовното собирање податоци за телефонските повици во САД, кое го врши Националната безбедносна агенција (НСА). Ваквиот чекор претставува силен удар за напорите на претседателот Барак Обама да го ограничи масовното прислушување во земјата. За расправата гласаа 58 сенатори, а против предлогот беа 42. Потребни беа уште два гласа повеќе...

Упад во системот на Стејт департментот

Системот на електронската пошта на американскиот Стејт департмент последните неколку недели бил мета на хакерски напади, соопшти висок претставник на САД. Како што пренесува „Б92“, повикувајќи се на „Ројтерс“, нападите се случувале истовремено со упадите и во системот на Белата куќа. Изворот, кој побарал да остане анонимен, вели дека ниту еден од доверливите системи не е загрозен. Деловите од системот кои не...

САД шпионираат телефони на свои граѓани

Американското министерство за правда со години собира податоци од мобилните телефони на десетина илјади американски граѓани, пишува „Вол стрит џурнал“. Станува збор за таен шпионски софтвер, кој има цел да ги лоцира и фаќа криминалците, јавува весникот, повикувајќи се на извори блиски до овие операции. За шпионажа, САД користат едноставни средства – авиони со опрема слична на таа што ја користат претставниците...

САД: Чак Хејгел најави засилување на нападите врз ИСИС

Секретарот за одбрана на САД, Чак Хејгел, денеска најави интензивирање на воздушните напади против ИСИС во Ирак. Хејгел, образложувајќи ја стратегијата на САД во Конгресот, изјави дека ирачките сили се сè поефикасни и дека коалицијата што ја предводат САД, ќе го засили темпото и интензитетот на воздушната кампања против исламските екстремисти. Тој оцени дека борбата против ИСИС во Ирак и во Сирија...

Истанбул: Кривични пријави за напаѓачите на војниците на САД

Дванаесет турски државјани, кои се уапсени по нападот на американските војници во Истанбул, пуштени се денеска на слобода, но постои можност против нив да биде покрената кривична пријава за навреда и за нанесување телесни повреди, јавуваат турските медиуми. Група демонстранти, извикувајќи „Јенки одете си дома“, нападнаа тројца американски морнари во Истанбул, во близина на воениот број на САД, кој на...

Кинески хакери го нападна метеоролошкиот систем на САД

Кинески хакери упаднале во системот на американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА), која го управува метеоролошкиот систем во САД, објави „Вашингтон пост“. Весникот наведува дека управата во октомври објавила дека во тек е „непланирано одржување“ на нејзината мрежа, но подоцна е откриено дека бил мета на хакерски напад. Засега не се открива дали хакерите успеале да украдат некакви податоци, но...

(ВИДЕО) Американски војници нападнати во Истанбул

Членови на турската националистичка фракција, вчера, во Истанбул, нападнале морнари на американската флота. Американската амбасада во Анкара денеска изрази протест поради инцидентот. Напаѓачите, кои припаѓаат на Асоцијација на турската младина (ТГБ), прво вербално го нападнале трите припадници на американската морнарица кои застанале во Истанбул по маневрите во Црно Море, а потоа се обиделе со вреќи да им ги покријат главите. Според...

Медведев: Од САД зависи дали ќе се подобрат односите со Русија

Руско-американските односи можат да се подобрат доколку САД го преземат првиот чекор, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. - Топката, како што вообичаено се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки - изјави Медведев. Според рускиот премиер, надминувањето на проблемите може да се постигне доколку се тргнат санкциите и се вратат на „нормални, мирни и продуктивни преговори“. Медведев истакна дека...

САД: Медицински сестри штрајкуваат за подобра заштита од ебола

Најмалку 100.000 медицински сестри протестираа во 15 сојузни американски држави, барајќи подобра заштита на здравствените работници што работат со заболени од ебола. Американскиот Национален сојуз на медицински сестри бара медицинските установи да купат специјална заштитна облека и респиратори, како и да спроведат обука на лицата што се грижат за болните од ебола. Американскиот Центар за контрола и за превенција на болести нарача посебна...

Хојт Брајан Ји: Името може да се реши ако Нимиц помогне

Решение за спорот за името е можно со асистенцијата на посредникот Метју Нимиц, изјави заменик помошник на државниот секретар на Стејт департментот задолжен за Европа и за Евроазија, Хојт Брајан Ји. Во пресрет на новата рунда разговори закажани за денеска во Њујорк, тој вели дека за Македонија е значајно да се најде решение за проблемот за името, по што земјата ќе може...

Американски експерти за аутизам во посета на Македонија

Тим од експерти за аутизам од САД, минатата недела спроведе обука на македонски доктори. Во тимот има четири доктори и професори од Центарот за истражување и третман на аутизам, во рамки на Универзитетот на Калифорнија - Лос Анџелес (УКЛА), кој претставува еден од најпрестижните едукативни центри во светот. Тимот го предводеше професор доктор Кони Касари. Во текот на вчерашниот ден, тимот оствари средба со министерот...

Поштата на САД, мета на хакерски напад

Со хакерскиот напад загрозени се податоците на половина милион вработени
Поштата на Соединетите Американски Држави соопшти дека била на удар на сајбер-напад и дека е можно да се загрозени податоците на околу половина милион нивни вработени и на клиентите со кои контактирал повикувачкиот центар од јануари до средина на август. Поштата на САД соработува со ФБИ во истражувањето на случајот и на обемот на штетата. Дел од податоците на вработените до...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...