Хојт Брајан Ји: Името може да се реши ако Нимиц помогне

-

Решение за спорот за името е можно со асистенцијата на посредникот Метју Нимиц, изјави заменик помошник на државниот секретар на Стејт департментот задолжен за Европа и за Евроазија, Хојт Брајан Ји.

Во пресрет на новата рунда разговори закажани за денеска во Њујорк, тој вели дека за Македонија е значајно да се најде решение за проблемот за името, по што земјата ќе може да се приклучи на Европска Унија и на НАТО.

– Но, не е сè во рацете на едната или на другата страна. На двете страни останува да ја најдат потребната флексибилност и политичка волја за да се постигне компромис – вели Ји за „Дојче веле“.

Тој изјави дека САД ги поддржуваат аспирациите на Македонија да се приклучи на НАТО и на Европска Унија.

– Верувам дека ако има добра волја на обете страни, можно е да се најде решение за сите предизвици и да се надминат сите пречки. На ова Македонија мора да работи со добри преговарачи, заедно со Нимиц. Ние правиме сè што можеме да ги охрабриме и двете страни да го поддржат амбасадорот Нимиц да дојде до решение – заклучи американскиот дипломат Хојт Брајан Ји.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...