fbpx

Упад во системот на Стејт департментот

-

Системот на електронската пошта на американскиот Стејт департмент последните неколку недели бил мета на хакерски напади, соопшти висок претставник на САД.

Како што пренесува „Б92“, повикувајќи се на „Ројтерс“, нападите се случувале истовремено со упадите и во системот на Белата куќа.
Изворот, кој побарал да остане анонимен, вели дека ниту еден од доверливите системи не е загрозен.

Деловите од системот кои не се од доверлив карактер во моментов се „затворени“, за да се подобри нивната безбедност, а наскоро повторно ќе бидат ставени онлајн.

– Стејт департментот неодамна откри загрижувачка активност на дел од својот „некатегоризиран“ систем за електронска пошта. Не беше загрозен ниту еден дел од доверливите системи – вели изворот.

Мрежата ан Стејт департментот била „пробиена“ минатиот месец, но погодените системи не биле дисконектирани сè до овој викенд, се наведува во информацијата на федералната информатичка веб-страница nextgov.com.

Нападите биле извршени истовремено со хакерските напади на Белата куќа, Поштата на САД и на Националната служба за океани и за атмосфера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...