fbpx
Таг: Пржино

таг: Пржино

Денеска договор околу новиот Избирачки список?

На денешната средба на работните групи, која ќе почне во 13 часот, во Клубот на пратениците во Скопје, би требало да има конкретен прифатлив предлог за сите партии потписници на Договорот од Пржино. Според последните информации, ставовите на партиите се приближуваат и се очекуваат конкретни предлози и почеток на конструктивниот дел околу завршување на прашањето за избиркачкиот список, ингеренциите и составот на Државната...

Специјалниот јавен обвинител речиси стокмен, се чека само да се изгласа?

Кругот на кандидати за специјален јавен обвинител е стеснет и се очекува тој навреме да биде избран, дознава „Мета“ од политичките партии кои се вклучени во работните групи за Договорот од Пржино. Според Договорот, личноста што ќе ја преземе оваа функција треба да добие „амин“ од четирите политички партии. Дека изборот на специјален јавен обвинител е при крај, потврдуваат и последните...

Груевски: Ако опозицијата е конструктивна, ќе ги запазиме роковите од договорот

Доколку опозицијата е конструктивна како што сме ние, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање, дали политичките партии ќе успеат да ги запазат роковите предвидени во Договорот од Пржино. Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ има црвени линии во политичките преговори со опозицијата, Груевски нагласи дека црвените линии...

Работните групи денеска ќе разговараат за специјален јавен обвинител, од утре на одмор

Работните групи на најголемите политички партии за Договорот од Пржино денеска ќе разговараат за специјалниот јавен обвинител. Според договорот од 15 јуни, тој треба да биде избран на 15 септември и да работи на расчистување на сомнежите што произлегоа од прислушуваните разговори. Работните групи вчера разговараа за поставеноста на Државната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствуваше...

Иванова: Во игра се и попис и пребројување од врата на врата

Активна регистрација на гласачите, попис и пребројување од врата на врата се опциите кои се на маса на работните групи што треба да го имплементираат Договорот од Пржино. Според Цветанка Иванова од СДСМ, која вчера беше дел од работната група на оваа партија, се разговара за сите опции, но сè уште не се навлезени во детали за тоа кој предлог би...

Нов состанок на работната група за Договорот од Пржино

Состанок на работната група меѓу потписниците на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија ќе се одржи денеска. На состанокот се очекува да присуствува и Белгиецот Питер ван Хојте, кој е специјален олеснувач на Договорот од Пржино. Теми на кои ќе се разговара ќе бидат изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на...

Крв, лицемерие, навреди и песимизам: Каде се изгуби духот од Пржино?

Бруталниот и недипломатски начин на разговори и преговори меѓу власта и опозицијата кој почна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, очигледно сè уште не е завршен. Тогаш лидерите се согласија зад себе да ги остават партиските интереси и да размислуваат за доброто на грѓаните и на државата, но само по една недела го заборавија тоа, па партиските секири кои  биле само засолнети,...

Тачи: Договорот од Пржино нема да се реализира

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Мариане Берец, изрази песимизам дека ќе се реализира договорот потпишан во Пржино. Тачи рече дека на документот ставил потпис поради една причина. Според него, Договорот претставува најкраткиот пат Aлбанците на предвремените избори да ги турнат од власт ДУИ и Али Ахмети, кој, според лидерот на ДПА, е одговорен за...

Почнуваат разговорите за примена на политичкиот договор

Почнуваат разговорите за примена на договорот за излез од политичката криза, кој минатата недела лидерите на најголемите политички партии во Македонија го постигнаа во посредништво на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. На денешната средба ќе биде разговарано за прашања поврзани со предвремените парламентарни избори, кои според договорот, треба да се одржат на 24 април следната година. Прво прашање на дневен ред...

Преговорите во Пржино биле недипломатски и брутални

По потпишувањето на договорот од Пржино, европските дипломати полека се отвораат. Ноќта била напорна, раскажуваат, а претставниците на европските институции употребиле „брутален“ јазик за да им стават до знаење на четворицата потписници дека „ова е крајна шанса“, вели дипломатски извор од една европска институција присутен на сите фази од преговорите. Имплементацијата на она што се потпиша на 15 јули сега...

ДУИ го објави договорот од 2 јуни, не е јасно дали важи?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го објави целиот договор што четворицата партиски лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, евроамбасадорот Аиво Орав и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, го потпишаа на 2 јуни во резиденцијата на Европската унија (ЕУ) во Скопје. Според договорот, партиите се согласуваат да се...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...