ДУИ го објави договорот од 2 јуни, не е јасно дали важи?

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го објави целиот договор што четворицата партиски лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, евроамбасадорот Аиво Орав и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, го потпишаа на 2 јуни во резиденцијата на Европската унија (ЕУ) во Скопје.

Според договорот, партиите се согласуваат да се ставаат интересите на државата на прво место, а партиите се обврзуваат да ги почитуваат демократските принципи на политичката одговорност преку вклучување во клучните предизвици со кои се соочува земјата.

Партите се согласуваат да се воспостави „транзициски период“ почнувајќи веднаш и завршувајќи со слободни и демократски избори во целосна согласност со европските стандарди до крајот на април 2016 година.

Во текот на транзициониот период:

  • До 10 јуни, партиите ќе се договорат за конкретна организација на владата што ќе ги подготви изборите;
  • СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана за скандалот со прислушувањето. Комисиите за откривање и за интервенција во комуникациите, исто така, ќе бидат раководени од СДСМ и ќе почнат со работа испитувајќи ги неуспесите во надзор и во функционирање на државната разузнавачка служба;
  • Првиот извештај на овие комисии ќе биде подготвен во ноември 2015 година;
  • Со непосреден ефект, нема да има понатамошно објавување на каков било материјал од прислушување. По враќањето на СДСМ во Собранието, сите материали што ги поседува СДСМ или кој било друг, ќе бидат поднесени до Јавното обвинителство за итна постапка;
  • Кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, ЕУ ќе го олесни меѓупартискиот дијалог (отворен за сите партии застапени во Собранието) за постигнување договор за прашањата од структурни реформи;
  • Овој договор ќе ги опфати реформите што треба да се преземат во областа на поглавјата 23 и 24, застапување и независно функционирање на надлежните државни органи, поголема слобода на медиумите и целосна согласност со мислењата и препораките на Венецијанската комисија.

Истражувачки новинари од Македонија и Албанија за прв пат заеднички истражуваат прекуграничен криминал и корупција

Тимот новинари од ИРЛ од Македонија и Штег од Албанија - сите членки на Меѓународниот проект за известување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), повеќе од десет месеци работеше...