fbpx
Таг: Пржино

таг: Пржино

Бејли: На специјалната обвинителка треба да ѝ се дадат ресурсите што ѝ се потребни

„Пратениците, четирите политички партии и Советот на јавни обвинители ја изгласаа специјалната јавна обвинителка врз основа на нејзината професионалност. Сметам дека треба да ѝ ги дадат ресурсите што ѝ се потребни за да ја зврши својата важна работа“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, заедно со премиерот Никола Груевски го отворија новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште...

Вајгл денеска ќе се сретне со лидерите на политичките партии и со Катица Јанева

Eвропратеникот Иво Вајгл, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката криза во земјава, денеска ќе допатува во Скопје. Тој ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии, но и со специјалната обвинителка Катица Јанева. Неговата посета е со намера да се информира за текот на преговорите за...

Димовски: Постигнат е договор за изборниот законик, дијаспората ќе гласа

Се постигна договор за изборниот законик. Имавме тешки, незгодни и непријатни моменти, вложивме многу труд и време, но договор има, изјави Илија Димовски пред Клубот на пратениците, откако претставниците на СДСМ ја напуштија средбата на работните групи. Тој рече дека повлекувањето на опозицијата го разбираат како тактика која цело време се повторува. - Секогаш кога ќе постигнеме договор или кога ќе...

Спасовски: За СДСМ Договорот од Пржино повеќе не е активен

Со одлуката на Советот на јавни обвинители денеска е прекршен Договорот од Пржино и Законот за специјалното јавно обвинителство, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници, каде досега се одржуваше средбата на работните групи за изборната регулатива. - Ние сега се повлекуваме од преговорите на консултации во партијата. За нас Договорот од Пржино не е повеќе...

Јанева доби „амин“ за милион евра, помошниците ѝ ги преполовија

Финансискиот и општиот работен план на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска беа одобрени од Советот на јавни обвинители. Сепак, за нив треба да одлучи Владата, која треба да ги одобри парите што ги побара Јанева. Таа побара повеќе од еден милион евра за до крајот на годината. - Финансиските планови ги дискутиравме и мислам дека тие се работа на Владата и на...

Зврлевски: Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, по седницата на Советот на јавни обвинители, рече дека обвинителствата се во многу лоша состојба. Тој изјави дека, за него, Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство бидејќи е формирано по политички договор и потврди дека во тек е изработка на иницијатива за утврдување на уставноста на Законот за специјален обвинител.

Јанева побара 14, а доби само седум обвинители

Советот на јавни обвинители, по повеќе од три часа расправа, денеска донесе одлука да го преполови тимот на Катица Јанева и наместо предложените 14, одобри само седум помошници-обвинители. Oд предложените кандидати не е прифатен ниту еден од скопското обвинителство. Јанева за одлуката на Советот на јавни обвинители дозна од новинарските екипи, по завршувањето на седницата. Таа изјави дека не се согласува со...

Иво Вајгл утре во посета на Македонија

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувачот за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за надминување на политичката криза, утре доаѓа во Скопје. Неговата посета е да се информира за текот на преговорите за спроведувањето на договореното од Пржино.

Советот на јавни обвинители за тимот на Јанева расправа зад затворени врати

Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која ќе се расправа и ќе се одлучува за предлог-тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева од 14 обвинители. Втора точка на дневен ред е општиот работен, персонален и финансиски план што Јанева минатата недела го достави до Собранието, Владата и до Советот на јавни обвинители. На седницата е присутна и специјалната обвинителка, која, како...

Нема договор за изборниот закон, преговорите продолжуваат

Преговорите на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино со олеснувачот Питер ван Хојте траеле до 2.30 часот наутро, но без успех. На средбата, освен олеснувачот Питер ван Хојте, присуствуваа Илија Димовски и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Илиева од СДСМ, Артан Груби и Фатмир Бесими од ДУИ и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА. Заедничката...

Талат Џафери: Право на медиумите е дали ќе ги остранат прислушуваните материјали

„Со тоа што законот за забрана за објавување и за располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите го пуштив во собраниска процедура на 6 октомври, немав никаква намера, ниту да ги запрам преговорите, ниту да направам некаква штета. Го поднесов затоа што преговорите одеа добро и се очекуваше завршница и мислев дека наредниот ден заедно со изборниот...

Преговорите на партиите продолжуваат, законот за „бомбите“ виси

По вчерашните преговори на работните групи, кои траеле до утринава, до 5 часот, денеска, во 14 часот, повторно продолжуваат средбите на претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Како што дознаваме, вчера целата енергија била насочена на предложениот закон за забрана на објавување на прислушуваните разговори, а малку време партиите имале за дебата околу изборните закони. Изворите од работните...

Трајановски: Смешен и проѕирен обид да се амнестираат

За експертот за човекови права Жарко Трајановски, законот со кој се предвидува забрана за објавување на „бомбите“ е смешен и проѕирен обид на криминалната банда да воведе цензура и да се амнестира себеси. - Истата банда која е одговорна за незаконитото масовно прислушување на илјадници луѓе, кои во 2010 година законски му овозможија на УБК да има директен линк до телекомуникациските...

Женското лоби побара од Хојте да се избори за поголеми квоти

Одговарајќи на новинарско прашање како течат преговорите и дали денеска очекува работните групи на политичките партии да постигнат договор за изборните закони, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте рече дека одговор на ова прашање ќе има или доцна вечерва или утре наутро. Додека белгискиот олеснувач влегуваше во Клубот на пратеници, пред портата го застанаа десетина жени, претставнички на Македонско женско лоби....

Заев: Тимот на Јанева не го коментирам, имам целосна доверба

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Штип денеска, не сакаше да го коментира изборот и составот на тимот обвинители на специјалната обвинителка Катица Јанева. Заев рече дека има целосна доверба во неа затоа што ова е дел од договорот на сите политички партии. Тој најави дека викендов СДСМ треба да ги разгледува кадровските решенија за министерските и за заменичките места што...

Работните групи претрупани од нови предлози, работата закочена

Работните групи, најверојатно, ќе го чекаат последниот ден од предвидениот рок за да ги решат прашањата поврзано со изборните закони. Како што дознава „Мета“, од една политичка партија постојано се поднесуваат нови предлози, па дури и за работи кои начелно биле решени. Сето тоа, велат нашите извори од работните групи, го кочи процесот на преговори без некои конкретни решенија. Прочистувањето на избирачкиот...

ДУИ не сака активна регистрација на гласачите, туку прочистување по список од институциите

Прочистувањето на избирачкиот список, гласањето на дијаспората и изборот и надлежностите на Државната изборна комисија денеска се тема на преговорите на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, кои почнаа точно напладне, во Клубот на пратеници во Скопје. Како што се дознава, единствено приближување на ставовите има за изборот на членови на ДИК, кои ќе се избираат по формулата „три плус...

Партиите затечени: Работните групи денеска ќе разговараат за Рамковниот договор

Пред самиот почеток на денешната средба на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, се промени агендата на преговорите. Имено, по барање на ДУИ, денеска ќе се разговара за имплементацијата на Рамковниот договор, дознава „Мета“. Од оваа измена затечени беа и дел од преговарачките тимови, кои на самото место дознале за промената. Тие коментираат дека секоја...

Работните групи и олеснувачот Ван Хојте на пауза до понеделник

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе одмораат до понеделник, поради отсуство на белгискиот експерт и олеснувач во преговорите, Питер ван Хојте, кој викендов ќе го помине во Белгија. Од почетокот на идната недела на маса ќе се најдат повторно темите поврзани со медиумите и со изборните закони. Вчера, во Клубот на пратеници во Скопје, почнаа разговорите...

Работните групи утре ќе ги „средуваат“ медиумите

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, утре треба да почнат разговори за медиумите и за начинот на нивната работа. Според претседателот на работната група на СДСМ, Роберт Поповски, на средбата треба да присуствуваат и организации што работат во сферата на медиумите. - Имаме предлози кои утре ќе ги изнесеме на средбите со претставниците од другите партии. Не сакаме однапред...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...