fbpx

Денеска договор околу новиот Избирачки список?

-

На денешната средба на работните групи, која ќе почне во 13 часот, во Клубот на пратениците во Скопје, би требало да има конкретен прифатлив предлог за сите партии потписници на Договорот од Пржино.

Според последните информации, ставовите на партиите се приближуваат и се очекуваат конкретни предлози и почеток на конструктивниот дел околу завршување на прашањето за избиркачкиот список, ингеренциите и составот на Државната изборна комисија и гласањето на дијаспората.

Најверојатно ќе се прави нов Избирачки список со активна регистрција на гласачите, а треба да се договори дали пријавувањето ќе биде задолжително или не. Ако ВМРО-ДПМНЕ попушти за ова прашање и прифати задолжителна регистрација на гласачите големи се шансите да се прифати нивниот предлог да нема промени во гласањето на дијаспората.

Претставници од СДСМ во работните групи денеска ќе бидат Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, додека ДПА –  Имер Алиу и Беким Фазлиу.

На средбата ќе присуствува и белгискиот олеснувал Питер ван Хојте.

Вчера се одржа средба на претставниците на политичките партии на која се разговараше за специјалниот јавен обвинител.

Се очекува во петок партиите да почнат конкретни разговори за законско врамување на функцијата на специјалниот обвинител, вклучувајќи го изборот, функционирањето и надлежностите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...