Почнуваат разговорите за примена на договорот за излез од политичката криза, кој минатата недела лидерите на најголемите политички партии во Македонија го постигнаа во посредништво на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
На денешната средба ќе биде разговарано за прашања поврзани со предвремените парламентарни избори, кои според договорот, треба да се одржат на 24 април следната година.
Прво прашање на дневен ред е Државната изборна комисија, чиј систем треба да биде сменет до крајот на јули. Според договорот, изборната комисија треба да ја сочинуваат вонпартиски членови, а во решавањето на ова прашање ќе помогне белгискиот експерт Питер Ванхут.