fbpx

Специјалниот јавен обвинител речиси стокмен, се чека само да се изгласа?

-

Кругот на кандидати за специјален јавен обвинител е стеснет и се очекува тој навреме да биде избран, дознава „Мета“ од политичките партии кои се вклучени во работните групи за Договорот од Пржино. Според Договорот, личноста што ќе ја преземе оваа функција треба да добие „амин“ од четирите политички партии.

Дека изборот на специјален јавен обвинител е при крај, потврдуваат и последните изјави на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски.

Заев вчера за „Утрински весник“ изјави дека пратениците на СДСМ на 1 септември ќе го прекинат бојкотот и ќе се вратат во Собранието и додаде дека „Договорот од Пржино ќе резултира со серија законски предлози кои СДСМ ќе ги гласа“.

– На 1 септември се враќаме за да го усвоиме законот за специјалниот обвинител, врз основа на кој ќе биде избран специјалниот обвинител. Овој закон е клучен во целиот процес, бидејќи од неговата содржина и надлежност ќе зависи и кандидатот што ќе биде избран на оваа позиција – изјавил Заев.

Како што пишува весникот, Заев не сакал да ги соопшти имињата на правните експерти што за опозицијата би биле прифатливи за функцијата специјален обвинител. Тој изјавил дека специјалниот јавен обвинител треба да биде заеднички избор на четирите политички партии, поради што не може предвреме да шпекулира со имиња.

Груевски, пак, викендов изјави дека доколку опозицијата е конструктивна, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и на состав на ДИК.

Враќањето на СДСМ во Собранието и изборот на специјален јавен обвинител се дел од договорот што четворицата лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, го постигнаа под покровителство на меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...