fbpx
Таг: претседателски избори

таг: претседателски избори

Обединетото Кралство со санкции против Лукашенко и уште седуммина претставници на режимот во Белорусија

Обединетото Кралство (ОК) покрена санкции против осуммина претставници на белорускиот режим, од кои првиот е претседателот Александар Лукашенко, поради повреда на човековите права во Белорусија по наместените избори, соопшти Доминик Рааб, министерот за надворешни работи на ОК. Според Министерството за надворешни работи, санкции има и за синот на белорускиот претседател, како и за други високи државни функционери. Овие мерки се...

Лукашенко положи заклетва за претседател, САД и ЕУ не го признаваат за легитимно избран

Александар Лукашенко за САД не е легитимно избран претседател, изјави претставник на Стејт департментот по вчерашното ненајавено положување заклетва на Лукашенко за нов претседателски мандат. „Изборите на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер“, го пренесува Си-ен-ен ставот на американските власти. Официјалниот став на САД за непризнавање на Лукашенко доаѓа неколку дена откако високиот претставник на Европската Унија Жозеп Борел...

Дезинформации за навлегување на руската војска во Белорусија за да „ги смири демонстрациите“

Откако на социјалните мрежи и преку чет апликациите почнаа да се шират видеа на кои се гледаат воени транспортери и автобуси полни со војници, со тврдење дека тоа е руска војска која или веќе навлегла во Белорусија или „само што не влегла“, проверувачите на факти од Белорусија бргу ги разоткрија ваквите наводи како дезинформации. Како што нагласува Франак Вјачорка, аналитичар...

ССНМ изрази солидарност со белоруските медиуми и медиумски работници

Синдикатот на новинари и медиумски работници во Македонија изрази солидарност со Белоруската асоцијација за новинари по репресијата на медиумите и медиумските работници која се засили во Белорусија по неодамнешните случувања со протестите. Состојбата со протестите во Белорусија ексалираше по спорните претседатели избори одржани во неделата. Вчера во државата беше исклучен интернетот. Светските агенции јавуваат дека полицијата употребува брутална сила против...

Канје Вест пак сака да се кандидира за претседател на САД

На 5ти јули на својот Твитер профил раперот Канје Вест објави дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД со слоганот #2020VISION. Ова не е прв пат тој да изјави дека ќе се кандидира за претседател откако во 2015 на МТВ видео наградите изјави дека има намера да се кандидира во 2020 година. https://www.youtube.com/watch?v=r3pdtQy1zVk   Покрај оваа изјава Канје...

Јавните пари во медиумите ја убија новинарската критика (инфографик)

Државата повторно станува еден од најголемите огласувачи во медиумите, со што се отвара можност политичките партии да влијаат на начинот на известување на новинарите. Од 2015 година, кога под притисок на новинарските здруженија и на меѓународниот фактор, владата на Груевски беше принудена да прогласи мораториум на владиното рекламирање, последните две години количеството на јавни пари во медиуми во разни...

На „Србија данас“ и фали едно „и“ за Пендаровски и албанските гласови

Антизападниот српски онлајн медиум „Србија Данас“ вчера објави текст за резултатите од вториот круг на претседателски избори во Македонија, кој не е ништо друго туку - ред шпекулации и клевети, а ред ветер во магла. Текстот, полн со шпекулаци и клевети, претставува и директен атак врз новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во текстот се вели дека Пендаровски победил благодарение на...

„Њујорк тајмс“ погрешно ја претстави претседателската кандидатка на опозицијата

Во својата, генерално коректна, статија за исходот на претседателските избори во Македонија, весникот „Њујорк тајмс“ објави и неточна информација за тоа како кандидатката на опозицијата воопшто стана претседателски кандидат. Во текстот „Поддржувачот на промената на името на Северна Македонија стана претседател“, „Њујорк тајмс“ пишува: „Експертот по уставно право и професор на Правниот факултет во главниот град, Скопје, г-ѓа Сиљановска - Давкова...

Честитки до Пендаровски од Столтенберг, Хан и Курц

Честитки за новиот претседател, Стево Пендаровски, стигнаа и од еврокомесарот Јоханес Хан, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но и од австрискиот канцелар Себастиан Курц. „Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни“, напиша Хан на Твитер, додавајќи дека Македонија може да...

Заев: Верувам дека ќе продолжиме рамо до рамо со развиениот свет

Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет, порача премиерот...

Алијанса: Сиљановска и Пендаровски да се извинат на Албанците, а тие, пак, да гласаат по своја волја

„Алијанса за Албанците“ оценува дека „вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните, дека во фокусот на кампањата на двајцата кандидати не е Држава за сите, туку Држава и Власт на македонска партија или поединец, кој што, во минатото и сегашноста повеќе ги дискриминирал или вршел насилство врз Албанците“, и побара извинување од двајцата претседателски...

Последен ден од кампањата, од полноќ изборен молк

Фото: Борче Поповски
Кандидатите за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова и нивните тимови до денеска на полноќ ќе имаат можност да ги убедуваат гласачите да им го дадат својот глас во вториот круг на претседателските избори в недела. Од полноќ се до 19 часот в недела ќе трае изборниот молк, во кој е забрането какво било агитирање. Гласачките места в недела,...

Анализа: Во вториот круг претседателот ќе го избираат гласачите Албанци

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори во неделата, освен што мина со една од најмалите излезности на изборите и други плебисцитарни форми во самостојна Македонија, донесе и шок за владејачката коалиција. Нивниот кандидат, Стево Пендаровски, оствари речиси микронска предност од својата главна конкурентка за позицијата шеф на државата, Гордана Сиљановска - Давкова, односно во вториот круг влегува во предност од...

Првиот круг беше мирен и транспарентен, велат меѓународните набљудувачи

Претседателските избори во Северна Македонија се добро спроведени, но на законската рамка сѐ уште ѝ треба подобрување, велат меѓународните набљудувачи, кои вчера ги презентираа првичните наоди. - Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани и денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Меѓутоа, сѐ уште има голема потреба од широка изборна реформа - порачаа тие. Според Серин Моборн, специјална...

Прв круг со најмала разлика во последните пет избори (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од претседателските избори што се одржа вчера ја има најмалата разлика во гласови меѓу двајцата кандидати на последните пет круга претседателски избори, односно Стево Пендаровски освои само 4.606 гласови повеќе од Гордана Сиљановска - Давкова. Поради тоа, многу се мали и шансите за успешно предвидување на исходот од вториот круг, ако се обидуваме да правиме споредба со...

МОСТ: Првиот круг во фер и демократска атмосфера

Фото: Борче Поповски
Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ. Изборната...

Река: Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој отпадна од претседателската трка, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список, кој брои околу 1,8 милиони гласачи, но, како што рече Река, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу...

Бајрами: Инцидентот во Студеничани не е пријавен

Претседателот на Комисијата за следење на изборни нерегуларности во Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами по затворањето на гласачките места изјави дека до тој момент до обвинителството и до МВР не е пријавен настанот во Студеничани каде едно избирачко место утрово не беше отворено бидејќи, како што објави МОСТ дека лицето кое го поседувало клучот од избирачкото место...

Магнатот Порошенко загуби од комичарот и имитатор Зеленски

Комичарот Володимир Зеленски, познат по имитациите на досегашниот, Петро Порошенко, ќе биде следниот претседател на Украина, покажуваат резултатите од излезните анкети. Според анкетите, тој има повеќе од 70 отсто поддршка. Доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога на ливчето беа 39 кандидати. Зеленски (41) му беше противкандидат на актуелниот претседател Петро Порошенко, кој во политиката влезе како индустријалец,...

Ахмети: Зa ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) вчера во интервју за ТВ 21 изјави дека за неговата партија е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. – Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...