fbpx

Заев: Верувам дека ќе продолжиме рамо до рамо со развиениот свет

-

Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет, порача премиерот Зоран Заев по гласањето во Струмица.

Тој вети продолжување на процесите на развој.

– Сега очекувам после изборите да продолжиме со проектите, да продолжиме со процесите, да продолжиме со развојот, да продолжиме со унапредување со квалитетот на животот на нашите граѓани.  Се надевам дека изборите ќе бидат успешни и се надевам дека ќе се движиме напред, заедно како што не личи – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...