Канје Вест пак сака да се кандидира за претседател на САД

Канје Вест на гости кај претседателот Трамп во 2018 година | Фото: Official White House Photo / Public domain

На 5ти јули на својот Твитер профил раперот Канје Вест објави дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД со слоганот #2020VISION. Ова не е прв пат тој да изјави дека ќе се кандидира за претседател откако во 2015 на МТВ видео наградите изјави дека има намера да се кандидира во 2020 година.

 

Покрај оваа изјава Канје во ноември минатата година изјави дека сепак ќе ја одложи неговата кампања за 2024. Тој би се соочил со неколку пречки при неговата кандидатура бидејќи веќе ги пропушти роковите за да се појави на гласачките ливчиња како независен кандидат во над 6 држави. Во негова поддршка излегоа неговата сопруга Ким Кардашијан, Елон Маск и други познати личности.

Канје е еден од ретките познати личности афро-американци кои јавно ја имаат искажно својата поддршка за моменталниот претседател на САД, Доналд Трамп. Оваа негова поддршка кон Трамп, ја прави неговата одлука да се кандидира против него навистина неочекувана.