„Новинарството не е криминал“ / Фото: Фејсбук страна на Меѓународната федерација на новинари

Синдикатот на новинари и медиумски работници во Македонија изрази солидарност со Белоруската асоцијација за новинари по репресијата на медиумите и медиумските работници која се засили во Белорусија по неодамнешните случувања со протестите.

Состојбата со протестите во Белорусија ексалираше по спорните претседатели избори одржани во неделата. Вчера во државата беше исклучен интернетот. Светските агенции јавуваат дека полицијата употребува брутална сила против илјадниците демонстранти кои протестираат незадоволни од победата на Александар Лукашенко за која сметаат дека е фалсификувана.

Претходно и Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари искажаа солидарност со белоруските новинари и медиуми.