fbpx
Таг: премиер

таг: премиер

Груевски: Македонија е безбедна колку што е и Европа

„Македонија е безбедна колку што е и цела Европа. Сите сме во исти кош и затоа потребен е заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот“, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за порталот „Прес 24“. „Не смееме да дозволиме овие закани да ни го променат животот до таа мера за да нè парализираат во нашите активности, но не смееме...

Летонската премиерка поднесе оставка

Премиерката на Летонија, Лајмдота Страујума, утринава најави оставка поради лошите резултати на владата во Рига. Претседателката на владата најави оставка по состанокот со Рајмондс Вејонис, кој оценил дека владата не работи добро. - Го известив претседателот за оставката – рече Страујума. Лајмдота Страујума беше претседателка на владата на Летонија од ноември 2014 година.

Кљусев: Не останувам во САД, се враќам во Македонија и ќе се кандидирам за премиер

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, останува во притвор поради, како што проценил судот во САД, опасност од бегство, пренесува „Ферфилд дејли војс“. Кљусев, кој инаку работел како психијатар во САД, беше уапсен на 12 ноември, под обвинение дека на пацинетите им препишувал големи количества лекови „адерал“ и „занакс“ (кај нас познат под името „хелекс“), за...

Груевски се сретна со премиерот на Кина, Кечијанг Ли

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг се сретна со премиерот на Народна Република Кина, Кечијанг Ли. На средбата соговорниците го поздравија позитивниот развој на односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, кои се одликуваат со пријателство, заемно разбирање и со меѓусебна поддршка. Соговорниците ги истакнаа и економските односи, кои бележат нагорен тренд и позитивен развој. Груевски посочи дека Македонија ја...

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Заев да се бори за премиерското место

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за претседател на владата, рече на прес-конференција вицепремиерот Владимир Пешевски. - Тоа значи дека на 24 април граѓаните директно ќе избираат помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев и помеѓу проектите на ВМРО-ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Зоран Заев денеска...

Кимпеану именуван за привремен премиер на Романија

Романскиот министер за образование, Сорин Кимпеану, денеска е назначен за привремен премиер на Романија, јавуваат романските медиуми. Романскиот претседател Клаус Јоханес го именуваше Кимпеану на оваа позиција откако премиерот Виктор Понта вчера си поднесе оставка. - Ја прифатив оставката на премиерот Понта и решив да го именувам Сорин Кимпенау за привремен премиер. Веќе ги потпишав двете решенија - изјави Јоханес, додавајќи дека денеска...

Романскиот премиер си поднесе оставка поради пожарот во ноќниот клуб

Романскиот премиер, Виктор Понта, си поднесе оставка на функцијата еден ден по масовните протести поради пожарот што во петокот минатата недела избувна во ноќен клуб во Букурешт, јави „Би-Би-Си“. Во пожарот, во ноќниот клуб „Колектив“, животите ги загубија повеќе од 30 лица, а повеќе од 130 луѓе сè уште се наоѓаат на болничко лекување, од кои најголем дел се во...

Груевски се сретна со премиерот на Обединети Арапски Емирати

Премиерот Никола Груевски, денеска во Дубаи се стретна  со премиерот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој во исто време е и владетел на емиратот Дубаи. На средбата, била истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од заемен интерес. Двете страни истакнале дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја...

Бејли го чекаше Груевски 50 минути

Педесет минути амабасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, го чекаше премиерот Никола Груевски на почетокот на пуштањето во употреба на нов училишен објект во Државното училиште за рехабилитација на деца и на младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Од кабинетот на Груевски за денеска најавија посета на Општина Кисела Вода. Во најавата беше наведено дека тој ќе присуствува на пуштање во употреба на нов...

Шведска очекува повеќе од 150.000 бегалци до крајот на годината

Шведскиот премиер, Стефан Лофвен, денеска соопштил дека бројот на бегалци што ќе побараат азил во оваа скандинавска земја до крајот на годината би можел да изнесува повеќе од 150.000 луѓе, јавуваат светските медиуми. Тој посочил дека во изминатите седум дена во земјата пристигнале околу 9.000 бегалци и дека „ако работите продолжат да се одвиваат со ист интензитет, повеќе од 150.000 луѓе ќе...

Спречен напад врз премиерот на Косово

Косовската полиција спречила напад врз премиерот Иса Мустафа, но осомничените успеале да побегнат. Како што соопшти полицијата, двајцата осомничени требало да ја запрат моторизираната придружба на премиерот, фрлајќи клинци и други метални предмети на патот. Според првичната истрага, полициски службеник се вмешал во организирањето на нападот и веќе е во притвор, додека другите се во бегство.

Министерот за надворешни работи на БИХ во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, денеска е во официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски, како и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Во рамки на посетата, ќе се одржи и пленарна седница во МНР, на која се очекува министрите за надворешни работи на двете земји да разменат...

Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

Алексис Ципрас и официјално го почна својот втор мандат како премиер. Вечерва тој, во претседателската палата во Атина, поднесе заклетва како нов премиер. Новиот состав на владината коалиција СИРИЗА - Независни Грци се очекува да биде соопштен набргу и новата влада да поднесе заклетва и да почне со работа утре или најдоцна в среда, кога Ципрас експресно ќе замине во Брисел на...

Австралиската владејачка партија го смени премиерот

Австралискиот премиер Тони Абот денеска е сменет со гласање на неговата десничарка Либерална партија, која се обидува да ја врати довербата на јавноста. На челната позиција на партијата доаѓа поранешниот лидер и министер за комуникации, Малком Тунрбул, кој го свика гласањето во партијата откако падне довербата на јавноста во конзервативната коалициска влада. Промената на врвот на Либералната пратија се одвива во...

Премиерот на Северна Ирска си поднесе оставка

Премиерот на Северна Ирска, Питер Робинсон, денеска поднесе оставка и ги повлече своите министри од коалициската влада, јавува „Би-Би-Си“. Лидерот на протестантската Демократска унионистичка партија, претходно најави оставки на министрите од пробританската партија доколку не се одложи седницата на северноирскиот парламент поради наводите дека терористичката организација Ирска републиканска армија (ИРА) и понатаму постои. Коалициската влада на протестантите и на католиците претставува...

Груевски: Од 8 Септември 1991 година сме свои на своето

„Од 8 Септември 1991 година сме свои на своето, сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода“. Ова денеска го кажа премиерот Никола Груевски, во своето обраќање во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста. - Сега, главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и...

Финскиот премиер ја нуди својата куќа за сместување на бегалците

Премиерот на Финска, Јуха Сипила, изјавил дека ќе им ја понуди на бегалците својата куќа за сместување, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Сипила соопштил дека станува збор за негова куќа во Кемпеле, на северот на Финска, која малку ја користи и во која ќе бидат сместени барателите на азил од почетокот на следната година. „Сите треба да се погледнеме во...

Либискиот премиер најави оставка

Меѓународно признаениот либискиот премиер, Абдулах ел Тани, ја објави својата ненадејна оставка во телевизиско интервју и најави дека оставката официјално ќе ја достави до парламентот в недела. За време на разговорот, Ел Тани се најде на удар на критиките на телевизиските гледачи поради неспособноста на владата да им обезбеди основни услови за живот, како што се струјата, крај на несигурноста...

Димовски: Министри и пратеници нема да бидат на чело на владата пред изборите

Премиерот што ќе ја раководи владата во периодот од 100 дена пред изборите, закажани за 24 април следната година, а ќе биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде функционер на партијата кој во моментот извршува каква било политичка функција, изјави Илија Димовски, во интервју за телевизијата „Канал 5“. „Партијата ќе си постапува врз база на статурните одлуки и ќе одлучи кој...

Премиерот на Малезија осомничен за вмешаност во корупциски скандал

Мализиските правосудни власти извршиле претреси во канцелариите на државниот инвестициски фонд, во рамки на истрага за корупциски скандал, во кој е инволвиран и премиерот на државата, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“. Полициски екипи денеска поминале часови во канцелариите на фондот во Куала Лумпур, барајќи материјали и документи, а со себе однеле и неколку компјутери за понатамошни проверки. Премиерот Разак ги отфрлил обвинувањата...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...