fbpx
Таг: премиер

таг: премиер

Обединети за Македонија дава поддршка на барањето за преодна влада без Никола Груевски

Партијата Обединети за Македонија ги поддржува напорите на коалицискиот партнер СДСМ за формирање преодна влада, без Никола Груевски како премиер. „Обединети за Македонија ја потврдува својата улога за активен чинител во заедничката борба за ослободување на државата од политичките диктаторски стеги и за враќање на демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и за ослободување на сите политички затвореници...

Премиерот Груевски ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и на Унгарија

Премиерот Никола Груевски денеска ќе се сретне со Паоло Џентилони, министер за надворешни работи на Италија, Даниел Митов, министер за надворешни работи на Бугарија, и со Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија. Средбите се одржуваат во рамки на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива. Средбите ќе се одржат во хотел „Метропол“ во Охрид.

Премиерот на Молдавија поднесе оставка поради спорната диплома

Молдавскиот премиер Кирил Габурич денеска поднесе оставка на функцијата поради спорната универзитетска диплома. Триесет и осумгодишниот Габурич објави дека се повлекува бидејќи обвинителите го испитувале во врска со неговите студии. - Жалам поради прашањата за моите студии, кои станаа инструмент на политички игри – соопшти Габурич, притоа не изјаснувајќи се за обвиненијата за кои се товари. Тој е проевропски ориентиран бизнисмен, кој...

Ердоган ја прифати оставката на Давутоглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прифати оставката на премиерот Ахмет Давутоглу, по парламентарните избори кои во неделата се одржаа во Турција, но ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до формирањето на новата влада, соопштија од кабинетот. Давутоглу се сретна со Ердоган во претседателскиот дворец во Анкара, за да ја разгледаат иднината на владата откако владејачката Партија на правдата...

Се шират информации за контрапротести

Информации и идеи за контрапротести почнаа да се шират на социјалните мрежи, но и наши извори, неофицијално, велат дека општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ засилено се подготвуваат за контрапротест. Како што велат тие, во комитетите дури се подготвуваат и списоци за контрапротести. Потврда за ова е и говорот на премиерот Никола Груевски на вчерашното гостување во вестите на телевизија „Сител“. Премиерот...

Заменик-премиерот на Белгија в понеделник во Скопје

Во официјална посета на Македонија, в понеделник ќе претстојува заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс. Тој доаѓа на покана од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и...

Кој му плати на Никола Груевски да оди во Брисел?

Речиси сите медиуми објавија неточна информација дека премиерот Никола Груевски на 19 и на 20 март бил во Брисел. Па и „Мета“. Фотографиите од престојот беа објавени и преземани од веб-страницата на Владата на Македонија. Сепак, во Брисел не беше премиерот Никола Груевски, туку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Пет дена портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, не ни одговара на прашањето во...

Нетанјаху: Ако повторно бидам премиер, нема да дозволам палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во случај повторно да биде избран за премиер, палестинската држава нема да биде креирана. Со таа изјава Нетанјаху во целост го негираше она што го најави во говорот во 2009 година, кога вторпат стана премиер, дека ќе го поддржи принципот на две држави за два народи. Нетанјаху дал интервју за веб-страницата НРГ на казино-моќникот Шелдон Аделсон,...

Ермира Мехмети: Албанец за премиер кој ќе го реши и проблемот за името

Пратеничката Ермира Мехмети од ДУИ, која е во посета на САД, вели дека доколку ЕК најде начин да ѝ помогне на Македонија да излезе од политичката криза, а тоа финишира со некоја преодна влада, би требало премиерот на таа влада да биде Албанец. Мехмети на својот фејсбук-профил напиша дека во услови кога двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на...

Груевски, мајсторот за упади

Кога ќе се спомене ненадејното појавување на премиерот Никола Груевски на прес-конференција, веднаш се помислува на неговата смислена тактика на „упади“. Тоа уште еднаш го покажа со последниот негов настап, во Владата на Република Македонија. Овој „упад“ се случи веднаш по објавувањето на четвртата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, така што само еден час подоцна, Груевски, ненајавено и ненадејно, ги...

Груевски: Не прифаќам закани, местенки и уцени

Ќе слушате разни шпекуации, но за сè што е кажано од наша страна, ќе има цвсти докази во текот на судската постапка, истакна на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски. - Од септември до ноември 2014 година, имав четири средби со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Првата беше на негово барање, а сите останати беа поврзани со првата. Тој на првата...

Премиерот Груевски на бизнис-форум во Ченаи, Индија

Премиерот Никола Груевски, кој предводи владина делегација во економско-политичка посета на Индија, денеска ќе го посети градот Ченаи, каде на бизнис-форум ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија. Во состав на владината делегација се министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, заменик-министерот за економија, Христијан Делев, и заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција...

Груевски им подари пакетчиња на децата од Домот „11 Октомври“

Премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, по повод претстојните новогодишни празници им поделија пакетчиња на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Со детски претстави, кои самите ги подготвиле, дечињата ја изразија својата благодарност за грижата што ја покажува државата кон нив. Премиерот Груевски им ги честита претстојните празници и им...

СДСМ: Адвокатот на Груевски за 46.000 евра ангажиран во ЕЛЕМ

„Дали откако се излечи душевната болка на Никола Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат? Адвокатот Никола Додевски ќе биде ангажиран од државната компанија ЕЛЕМ, а за тоа, според договорот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, за едногодишната услуга, ЕЛЕМ ќе му плати повеќе од 46.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ. „Случајно или не,...

Обезбедени средства за поддршка на домашната музичка продукција во 2015 година

Во буџетот за 2015 година, обезбедени се 31.488.000 денари за сите категории од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, кој беше донесен во 2013 година и во согласност со конкурсите што ги објавува Македонската радио-телевзија во април, јуни, септември и во декември. - Оваа година беше прва во која се спроведоа конкурсите во согласност со законот и во однос...

Турскиот премиер во дводневна посета на Македонија

Денеска и утре, во посета на Македонија ќе престојува турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според соопштението, тој ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов, а ќе разговараат за политичките, економските и за трговските односи меѓу Македонија и Турција.  

Груевски денеска во Белград на средба со премиерите на Кина, Србија и на Унгарија

На заедничкиот состанок со премиерите на НР Кина, Србија и на Унгарија ќе учествува денеска премиерот Никола Груевски. На средбата ќе се разговара за можноста за изградба на експресна железничка пруга од Будимпешта до Солун преку Белград и Скопје. Груевски ќе има и билатерални средби со дел од учесниците на Самитот на шефови на влади на Кина и на земјите...

Груевски се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија

Прмиерот Никола Груевски, денеска во Ријад се сретна со престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал–Сауд. На средбата, според владиното соопштение, соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на заедничките односи и размениле мислења и ставови за интензивирање на економската и на политичка соработка во повеќе области од заемен интерес. „Министрите за финансии на Република Македонија и на Кралството Саудиска Арабија,...

Груевски – Ал-Басам: Саудискиот фонд за развој подготвен за поддршка на инфраструктурни проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера, во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф бин Ибрахим ал-Басам. Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од државата Саудиска Арабија и е насочен кон финансирање проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката. На...

Владејачката коалиција убедлив победник на изборите во Јапонија

Партијата на јапонскиот премиер Шинзо Абе убедливо победи на дешените предвремени парламентарни избори, покажуваат излезните анкети, пренесуваат медиумите. Либерално-демократската парија на Абе, според првичните резултати, освоила меѓу 275 и 306 места во Долниот дом на јапонскиот парламент, кој брои вкупно 475 места и заедно со нивниот помал коалиционен партнер, партијата Комеито, ќе има двотретинско мнозинство. Предвремените избори во Јапонија беа распишани...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...