Мализиските правосудни власти извршиле претреси во канцелариите на државниот инвестициски фонд, во рамки на истрага за корупциски скандал, во кој е инволвиран и премиерот на државата, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“.

Полициски екипи денеска поминале часови во канцелариите на фондот во Куала Лумпур, барајќи материјали и документи, а со себе однеле и неколку компјутери за понатамошни проверки.

Премиерот Разак ги отфрлил обвинувањата дека речиси 700 милиони долари од фондот биле префрлени на негови лични банкарски сметки.

Вчера, правосудните власти во земјата, во рамките на истрагата замрзнале шест сметки, но сè уште не ги идентификувале лицата што стојат зад нив.

Од фондот за медиумите ја потврдиле информацијата за рацијата во нивните простории, додавајќи дека целосно соработуваат со полицијата во истрагата.