среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: премиер | 240 резултати

Обезбедени средства за поддршка на домашната музичка продукција во 2015 година

22 декември 2014

Во буџетот за 2015 година, обезбедени се 31.488.000 денари за сите категории од Законот за поддршка на домашната музичка продукција, кој беше донесен во 2013 година и во согласност со конкурсите што ги објавува Македонската радио-телевзија во април, јуни, септември и во декември. – Оваа година беше прва во која се спроведоа конкурсите во согласност […]

Турскиот премиер во дводневна посета на Македонија

22 декември 2014

Денеска и утре, во посета на Македонија ќе престојува турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според соопштението, тој ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов, а ќе разговараат за политичките, економските и за трговските односи меѓу Македонија и Турција.  

Груевски денеска во Белград на средба со премиерите на Кина, Србија и на Унгарија

17 декември 2014

На заедничкиот состанок со премиерите на НР Кина, Србија и на Унгарија ќе учествува денеска премиерот Никола Груевски. На средбата ќе се разговара за можноста за изградба на експресна железничка пруга од Будимпешта до Солун преку Белград и Скопје. Груевски ќе има и билатерални средби со дел од учесниците на Самитот на шефови на влади […]

Груевски се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија

15 декември 2014

Прмиерот Никола Груевски, денеска во Ријад се сретна со престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал–Сауд. На средбата, според владиното соопштение, соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на заедничките односи и размениле мислења и ставови за интензивирање на економската и на политичка соработка во повеќе области од заемен интерес. „Министрите за финансии на Република […]

Груевски – Ал-Басам: Саудискиот фонд за развој подготвен за поддршка на инфраструктурни проекти

15 декември 2014

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера, во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф бин Ибрахим ал-Басам. Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од државата Саудиска Арабија и е насочен кон финансирање проекти чија цел е потикнување на […]

Владејачката коалиција убедлив победник на изборите во Јапонија

14 декември 2014

Партијата на јапонскиот премиер Шинзо Абе убедливо победи на дешените предвремени парламентарни избори, покажуваат излезните анкети, пренесуваат медиумите. Либерално-демократската парија на Абе, според првичните резултати, освоила меѓу 275 и 306 места во Долниот дом на јапонскиот парламент, кој брои вкупно 475 места и заедно со нивниот помал коалиционен партнер, партијата Комеито, ќе има двотретинско мнозинство. […]

Европската федерација на пензионери го укори Вучиќ

12 декември 2014

Писмо со неверување поради намалувањето на пензиите денеска му испрати генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите на пензионери и возрасни лица (ФЕРПА), Бруно Константи, на српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој во писмото наведува дека е зачуден од тоа што владата на Србиа предложила усвојување на закон со кој пензиите поголеми од 200 евра селективно ќе се […]

Србија нема да се откаже од мерките за штедење

11 декември 2014

Србија нема да се откаже од мерките за штедење бидејќи во спротивен случај бргу би се исправиле пред грчко или аргентинско сценарио, истакна српскиот премиер Александар Вучиќ. – Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека првпат направивме сериозен план и програма. Планот и програмата, на кои деноноќно […]

Ховит и Вајгел во Македонија

4 декември 2014

Досегашниот известувач за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит, и неговиот наследник на оваа позиција, Иво Вајгел, денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција, а, како што беше најавено, Ховит треба да одржи и предавање. Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која позитивно била оценета досегашната соработка во напредокот на Македонија кон ЕУ, […]

Премиерот на Тајван си поднесе оставка

29 ноември 2014

Откако опозицискиот кандидат Ко Венје победи на локалните избори во Тајпеј, денеска оставка си поднесе премиерот Ѓан Ји-хуа. Изборите за градоначалник во Тајпеј претставуваат тест за довербата на прокинеската влада на претседателот Ма Јинг-џеу, кој 16 години како претседател на Националистичката партија Куоминтанг владе со главниот град. Од 1996 година досега, секој претседател на Тајван претходно […]

Премиерот Груевски во посета на Виена

24 ноември 2014

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе престојува во Виена, Австрија, каде ќе присуствува на повеќе настани. Премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на реномираниот и престижен Виенски економски форум, каде што ќе се дискутира за предностите, влијанието и за перспективите на економската регионална соработка. Претседателот на македонската Влада ќе […]

Груевски: Екстерно тестирање нема да има, се разгледува воведување државен испит

23 ноември 2014

Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има, туку она што се разгледува е воведување државен испит, рече премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за дневникот на телевизија „Сител“. Како што појасни премиерот , државниот испит има цел да го унапреди квалитетот на високото образование и да се стави крај на […]

Постигнат договор: Иса МУстафа е новиот премиер на Косово

20 ноември 2014

Лидерите на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, и на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, постигнаа договор Мустафа да биде на чело на коалициската влада, а претседателот на собранието да биде од редовите на ДПК, јавуваат косовските медиуми. Договорот за формирање влада е постигнат на состанок одржан во кабинетот на претседателката на Косово, Атифете […]

Романскиот премиер го призна поразот на претседателските избори

17 ноември 2014

Романскиот премиер Виктор Понта го призна поразот во вториот круг од претседателските избори и изјави дека му честитал на својот противник Клаус Јоханис. Понта во првиот круг го победи Јоханис и водеше на анкетите за вториот круг. Јоханис, кој е етнички Германец, е професор по физика и градоначалник на градот Сибиу.

Харадинај претендира на премиерската позиција

14 ноември 2014

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека не се откажал од кандидатурата за косовски премиер. За време на посетата на општина Дечане, тој  изјави дека одлуката на уставниот суд ги променила односите во коалицијата ВЛАН и за вечерва најави состанок на лидерите од блокот, на кој ќе бидат разгледани барањата на […]

Иса Мустафа ќе биде кандидат за премиер на Косово

14 ноември 2014

Иса Мустафа од Демократски сојуз на Косово ќе биде кандидат за премиер на Косово, пренесува приштинската телевизија „Кохавижн“. Се очекува лидерите на коалицијата ВЛАН денеска да одржат состанок, на кој ќе биде објавен нов политички договор на коалицискиот блок, во кој освен АИК и ДСК, дел се и Иницијативата за Косово и движењето „Самоопределување“. Изборите […]

Страна 12 од 12