Романскиот премиер Виктор Понта го призна поразот во вториот круг од претседателските избори и изјави дека му честитал на својот противник Клаус Јоханис.

Понта во првиот круг го победи Јоханис и водеше на анкетите за вториот круг. Јоханис, кој е етнички Германец, е професор по физика и градоначалник на градот Сибиу.