fbpx

Премиерот Груевски во посета на Виена

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе престојува во Виена, Австрија, каде ќе присуствува на повеќе настани.

Премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на реномираниот и престижен Виенски економски форум, каде што ќе се дискутира за предностите, влијанието и за перспективите на економската регионална соработка.

Претседателот на македонската Влада ќе присуствува и на состанокот на Централно-европската иницијатива, каде што ќе се изврши и чинот на официјално преземање на претседателството со иницијативата, што Република Македонија ќе го преземе од досегашниот претседавач, Република Австрија. Премиерот Груевски во рамките на состанокот и во своите обраќања ќе ги истакне приоритетите на македонското претседавање со ЦЕИ во текот на 2015 година и календарот на активности кои се предвидени за реализација на приоритетите и целите.

Покрај македонскиот премиер, на настаните ќе учествуваат и сојузниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер, австрискиот канцелар Вернер Фајман, италијанскиот премиер Матео Ренци, премиерот на Република Чешка, Бохуслав Соботка, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, албанскиот премиер Еди Рама, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, премиерот на Република Босна и Херцеговина, Вјекослав Беванда, и поголем број други високи официјални лица на европски земји и на мултилатерални организации.

На маргините на настаните се очекуваат и средби и разговори на премиерот Груевски со присутните колеги од другите земји.

Премиерот Груевски ќе оствари и средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти, на која ќе се дискутира за можностите, аспектите и за деталите за соработка на поголем број тековни и идни проекти кои се од заемен интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...