fbpx
Таг: повлекување

таг: повлекување

СДСМ бара да се повлече ребалансот на буџетот додека не се расчисти случајот со обврзницата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара ребалансот на буџетот да биде повлечен од дневен ред на Собранието сè додека не се расчисти законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ во Собранието, Марјанчо Николов. Николов вели дека по вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери, дека Министерството за финансии не побарало правно...

Граѓаните во мај повлекле 67 милиони евра од банките

Граѓаните минатиот месец повлекле 67 милиони евра од банките, а депозитната база се намалила за 22 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. За разлика од граѓаните, кај кои продолжил трендот на повлекување пари од банките, фирмите ги вратиле парите назад. Тие во мај депонирале 29,6 милиони евра во банкарскиот систем. Гувернерот Димитар Богов пред еден месец изјави дека повлекувањето на...

Визуелизација на пишман-аболицијата на Иванов: Датуми, изјави и бројки

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, на 12 април, на прес-конференција, соопшти дека помилувал 56 лица - политичари и нивни соработници - за да стави крај на политичката криза. Наместо тоа, потегот на шефот на државата предизвика жестоки протести и реакции и кај нас и во светот. По месец ипол, на 27 мај, Иванов во обраќање до јавноста соопшти дека го повлекол помилувањето, но...

Битолчани го слават повлекувањето на аболицијата

Неколку стотици битолчани вечерава повторно излегоа на улица, но овојпат со славење за целосното повлекување на аболицијата. На протестот демонстрантите скандираа „Затвор не ти бега Никола“. - Денеска победата дојде бидејќи Иванов ја повлече аболицијата. Сите ќе си лежат. Ќе ја продолжиме нашата револуција против ненародната власт сè до слобода. Сите одлуки што ги донесоа ги поништија. Оваа пролет е најубавата...

СДСМ: Под притисок на граѓаните, Иванов целосно ја поништи срамната аболиција

Под притисок на сите слободоумни граѓани, кои се на нозе за враќање на слободата, демократијата и на правдата, лицето Ѓорге Иванов целосно ги поништи сите срамни, незаконски и неуставни одлуки за аболиции, се вели во реакцијата на СДСМ по одлуката на Иванов целосно да ја поништи аболицијата. „Одлуката за аболиција Иванов ја донесе по нарачка на Никола Груевски, во обид да...

СДСМ: За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава

Ѓорге Иванов, човекот кој ги прекрши законите и највисокиот акт, Уставот на Република Македонија, не може да се повикува на правни норми, реагираат од СДСМ на изјавата на Иванов во Софија. „За послушникот Ѓорге Иванов не постои право и правна држава, тој само ги спроведува нарачките од Никола Груевски. Лицето Ѓорге Иванов наместо лицемерно да се повикува зад правни акти...

Иванов: Уште ги чекам барањата од не-политичарите за поништување на аболицијата

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Софија ги повика останатите помилувани лица од неговата листа, кои не спаѓаат во категоријата политичари, а сакаат да им биде поништена аболицијата, да достават барање до него. Иванов, во изјава за „Телма“ вели дека досега до неговиот кабинет не стигнало барање за повлекување на аболицијата. - Законот овозможува за сите други лица да си поднесат барања,...

Германската амбасадорка Алтхаузер побара целосно укинување на аболицијата

Укинувањето на аболицијата да биде сеопфатно, односно одлуката за аболицијата треба целосно да се повлече, рече германската амбасадорка Кристине Алтхаузер при промовирање на проектот „Фудбал без граници“ заедно со француската амбасадорка Лоренс Оер. - Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, велам дека уште од почетокот, без недоречености, апелиравме за целосно, комплетно повлекување...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Иванов за аболиција на 22 лица

Вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов е на линија на нашите активности и е добра одлука која ја поздравуваме. Мислам дека е одличен чекор и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се охрабри да дојде на избори - изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско...

Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

Граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра поради тоа што предвреме ги повлекле орочените денарски заштеди во април, проценуваат од Народна банка. -Повеќе од 217 милиони денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април годинава. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги...

Иванов експресно ги потпиша законите за селективна аболиција и за „бомбите“

Претседателот Ѓорге Иванов ги добил и веќе ги потпишал законите кои пратениците ги изгласаа на вчерашната седница на Собранието. Законите влегуваат во сила кога ќе објават во Службен весник. Пратениците на вчерашната седница ги изгласаа законите за помилување („селективна аболиција“), за заштита на приватноста („бомбите“ да не се објавуваат после 1 јули 2017), за лични податоци и законот за изменување и...

Богов: Повлекувањето на депозити речиси целосно запре

Повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата, изјави гувернерот Димитар Богов во интервју за „Ројтерс“. - Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено - истакна Богов. Имено, во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,6 отсто од вкупните...

Германското МНР го поздрави одложувањето на изборите и бара повлекување на аболицијата

Германското министерство за надворешни работи денеска ја подзрави одлуката на Собранието за „повторно одложување“ на изборите и повика на спроведување на кредибилни реформи, како и итно повлекување на одлуката за аболиција на политичари што претседателот Ѓорге Иванов ја донесе минатиот месец. „Ја поздравуваме одлуката на македонскиот парламент за повторно одложување на парламентарните избори кои беа закажани за 5 јуни. Ова...

Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра од банките во април

Граѓаните повлекле рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките во април годинава, што е 1,6 отсто од вкупните депозити на населението. За ова денеска информираше гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, на редовната средба со банкарите во Стопанска комора на Македонија. - Народната банка интервенираше со 77 милиони евра на пазарот. Повлекувањето на оваа огромна сума на пари...

Русија повлече воени авиони од Сирија

Руската војска соопшти дека повлекла околу 30 авиони од својата база во Сирија, вклучувајќи ги и сите „с-25“, авиони за копнени напади, што се наоѓале таму. Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, не даде детални информации за тоа колку летала останале, но рече дека тој број изнесува отприлика онолку колку што е неопходно за борба против Исламска држава и...

ФРОДЕМ: Паралелни структури во МВР се вовед во граѓанска војна

Создавањето паралелни структури во Министерството за внатрешни работи е вовед во граѓанска војна, посакувана од власта во заминување, предупредува движењето ФРОДЕМ. „Оваа нездрава ситуација е резултат на дејствувањето на партиските послушници и на соизвршители на кривични дела. Министерот Оливер Спасовски, како најодговорно лице во МВР според Уставот и законите, да ги преземе сите неопходни мерки за доведување на ситуацијата во...

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во согласност со Уставот на Република Македонија и со деловникот за работа на Собранието, одржување вонредна...

Италија го повлече амбасадорот во Египет поради убиство на студент

Италија го повлече својот амбасадор во Каиро поради итни консултации, во моменти кога Рим инсистира да ја дознае вистината за случајот со мачење и со убиство на италијански студент во Египет. Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата, Паоло Џентолини, донел таква одлука по дводневниот состанок во Рим со египетскиот истражител, претставници на италијанската полиција и со...

Ванхауте: Изборите ќе бидат погреб на демократската држава

Со непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобори демократијата, туку тоа ќе биде погреб на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава, вели белгискиот експерт и поранешен олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте во пост објавен на неговиот фејсбук-профил. Во постот тој ги коментира последните случувања на...

Груби: Дали ДУИ ќе излезе од Владата ќе одлучи Ахмети и никој друг

Кои ќе бидат следните чекори на Демократската унија за интеграција (ДУИ) по повлекувањето на министрите и замениците-министри од Владата ќе одлучи претседателот на партијата Али Ахмети и никој друг, вели шефот на неговиот кабинет, Артан Груби. Реакцијата на Груби следува по денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека ДУИ не ја напушта Владата, туку само ќе...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...