fbpx

Груби: Дали ДУИ ќе излезе од Владата ќе одлучи Ахмети и никој друг

-

Кои ќе бидат следните чекори на Демократската унија за интеграција (ДУИ) по повлекувањето на министрите и замениците-министри од Владата ќе одлучи претседателот на партијата Али Ахмети и никој друг, вели шефот на неговиот кабинет, Артан Груби.

Реакцијата на Груби следува по денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека ДУИ не ја напушта Владата, туку само ќе ги замени министрите со нови кадри.

„Одлуката за следните чекори на Демократската унија за интеграција по повлекувањето на нашите министри и заменици-министри е екслузивно само во рацете на претседателот Али Ахмети. И според статутот, но и одлуката на претседателството, одлуката е само негова и на никој друг“, напиша Груби на својот фејсбук-профил.

artan grubi

Груевски денеска рече дека немале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети по одлуката за повлекување на министрите од Владата.

– Средба не сме имале, а можеби ќе имаме. Не е точно дека сме останале само ние и СДСМ во Владата. Како што сум информиран ДУИ ја нема напуштено Владата, туку ќе изврши замена на своите кадри. Секоја политичка партија има право да изврши замена на своите кадри во Владата, да понуди други, се разбира тие треба да исполнат одредени предуслови со квалитетот, но секако има право на нивна замена – рече Груевски.

ДУИ во четвртокот доцна вечерта соопшти дека претседателството на партијата донело одлука за повлекување на своите министри од Владата.

Вчера ДУИ издаде подолго соопштение во кое ја дообјасни одлуката, а акцентот беше ставен на снимките од разговори на високи функционери на партијата кои протекоа во јавноста и на одговорноста за нивната дистрибуција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...