ФРОДЕМ: Паралелни структури во МВР се вовед во граѓанска војна

-

Создавањето паралелни структури во Министерството за внатрешни работи е вовед во граѓанска војна, посакувана од власта во заминување, предупредува движењето ФРОДЕМ.

„Оваа нездрава ситуација е резултат на дејствувањето на партиските послушници и на соизвршители на кривични дела. Министерот Оливер Спасовски, како најодговорно лице во МВР според Уставот и законите, да ги преземе сите неопходни мерки за доведување на ситуацијата во нормала, а сите личности што го нарушиле системот и создале паралелни структури, да бидат процесуирани во согласност со позитивните законски прописи“, соопштија од ФРОДЕМ.

Според движењето, претседателот Иванов со аболицијата, а Специјалното јавно обвинителство со акциите ,,ТНТ” и ,,Траспортер” ја урнале лагата на Никола Груевски дека „пред законот сите се исти“.

Од ФРОДЕМ го повикуваат Иванов да не покажува лицемерност повикувајќи ги политичките партии, потписнички на договорот од Пржино, како и правните експерти да понудат правно решение за излез од ситуацијата и дека треба сам да го најде решението. Според ФРОДЕМ, решението е итно поништување на донесениот незаконски акт и оставка на Иванов.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...