fbpx
Таг: политичка криза

таг: политичка криза

Оер: Како на 5 јуни би имало избори кога нема услови?

Француската амбасадорка, Лоренс Оер, денеска за време на посетата на Битола изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и порача дека мора да се најде решение. - Политичката криза во Македонија нè загрижува сите, особено мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи на Европската Унија. Штета е што на 9 мај треба да ја славиме Европа во...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ силно насочена кон наоѓање излез од кризата

ВМРО-ДПМНЕ е силно насочена кон наоѓање решенија и начин за излез од актуелната политичка криза, истакнал лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на средбата со пратеничката на Европскиот парламент и претседателка на неформалната група на паријатели на Македонија, Маријана Петир. На средбата, на која разговарале за стратешките цели на државата, евроатлантските интеграции и за актуелните случувања поврзани со политичката криза,...

Берлин: Хајндл тесно ќе соработува со ЕК и со САД за надминување на кризата во Македонија

Германското министерство за надворешни работи денеска повторно изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и соопшти дека од тие причини бил назначен специјален претставник за Македонија, кој ќе помага во надминувањето на кризата. - Внатрешно-политичката ситуација во ПЈР Македонија нè исполнува со голема загриженост. Излез од сериозната и длабока криза сè уште не е на повидок. Затоа, министерот за надворешни...

Заев: Само преку регуларни избори може да биде избрана кредибилна Влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон. Како што соопштуваат од партијата, двајцата соговорници се согласиле дека алтернатива за Македонија е враќање на демократскиот пат, преку фер и регуларни избори и функционирање на правната држава. - СДСМ најостро се спротивставува за обидот на Никола Груевски и на Ѓорге Иванов за аболиција...

Кој е Јоханес Хајндл, новиот германски специјален пратеник за Македонија?

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го назначи Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Јоханес Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Тој бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија. Претходно, тој бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за...

Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата во Македонија

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министерство за надворешни работи на својот официјaлен твитер-профил. Специјалниот пратеник, како што е објавено, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата. „Министерот за надворешни работи...

„Транспаренси интернешнел“ бара оставка од Иванов и одложување на изборите

Глобалното движење за броба против корупција „Транспаренси интернешнел“ и неговиот разгранок во Македонија бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни сè додека не биде прочистен избирачкиот список и не се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата. Од „Транспаренси интернешнел“ и „Транспаренси интернешнел Македонија“ велат дека граѓаните на земјава излегуваат на улица на...

„Хафингтон пост“: Македонија се лизга кон автократија?

Македонската актуелна криза не е од оние „предизвикани однадвор“, туку, пред сè, е поради мрежата на корумпирани политичари на високи позиции, што се плашат дека правдата може да ги стигне, пишува „Хафингтон пост“. „Политичарите на Балканот се познати по манипулирање на јавноста со „теории на заговор“, тврдејќи дека сите проблеми се „увезени“ однадвор. Играњето на картата на „меѓународен заговор“, заедно со...

Хан: Договорот од Пржино не е мртов и важно е да се одржат избори

Договорот од Пржино има иднина и тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, вели еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Има иднина. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени или малку подоцна. Затоа, финалната битка е...

„Катимерини“: Нема покана за членство во НАТО за Македонија во Варшава

Се смирува грчката вознемиреност дека Македонија може да добие покана за членство во НАТО на јулскиот самит на Алијансата во Варшава. Весникот „Катимерини“ пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас добил уверување од меѓународните партнери дека во јули на новиот самит нема воопшто да се разговара на темата за членството на Македонија во НАТО. Причината за тоа Македонија и оваа година да помине...

Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава што го потпишаа Договорот од Пржино за излез од кризата, попладнево ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил. FM...

Груевски: Изборите на 5 јуни, неопходни за крај на кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа. Како што соопштуваат од партијата, на средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, наметнатата криза, како и за интеграциските процеси важни за државата. Груевски го афирмирал својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите...

Ахмети ги повика ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да постигнат компромис

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад. На средбата, како што соопштија од партијата, се разговарало за политичката криза во Македонија и за алтернативите за излез од неа. Ахмети го запознал норвешкиот амбасадор со интензивните напори на ДУИ во последниве денови за постигнување компромис меѓу двете страни во...

Ахмети за виенски „Стандард“: Кои избори? Се шегувате со мене?

„Кои избори? Се шегувате со мене?“. Ова е реакцијата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на првото прашање во интервјуто за австрискиот весник „Стандард“, во врска со одржувањето на изборите. Лидерот на ДУИ, по реакцијата, објаснува дека ставот на неговата партија е исполнување на сите критериуми, за веродостојноста на изборите да биде признаена од сите и од...

ОМД: Македонија да се обедини против корупцијата, непотизмот и анархијата

Обединтетата македонска дијаспора (ОМД) строго се спротиставува на создавањето на засебни и полуавтономни федерални тела во Република Македонија засновани на јазик, етничка припадност, религија или слично. „Оние кои ја застапуваат федерализацијата, не стојат на страната на најважните интереси на Македонија. Вакви движења единствено водат кон дестабилизација на државата. Нова политичка организација не е решение за фундаменталните прашања со кои Македонија...

Поради политичката криза, ќе запрат странските кредити

Поради политичката криза, меѓународните финансиски институции ќе ги запрат кредитите за Македонија пишува „Призма“. Дипломатски извори од Скопје велат дека Светска банка ја прекинала втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија, со која требаше да се обезбедат заеми за 57 општини за инвестиции во инфраструктурата, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални...

Ховит за „Мета“: Македонија се наоѓа во опасна и нестабилна состојба

Европратеникот и еден од посредниците за Договорот од Пржино, Ричард Ховит, во интервју за „Мета“ вели дека одговорноста за иднината на Македонија е кај македонските политичари, како и дека земјата е во опасна и нестабилна состојба. Тој порачува дека политичарите во Скопје треба добро да размислат во која насока ќе одлучат да продолжат да се движат по вчерашните предупредувања од...

Коѕиас: Периодов не разговараме за спорот за името

Спорот за името не е тема за разговор во моментов поради внатрешната криза во Македонија. Ова го порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пред неговата денешна тет-а-тет средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Двајцата министри се сретнаа на маргините на регионалниот состанок за бегалската криза, кој вчера и денеска се одржува во Солун. - Во овој период...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се одговорни за продлабочувањето на тензиите во државата

Зоран Заев и СДСМ носат лична и политичка одговорност за продлабочувањето на тензиите во државата, зголемениот ризик за нестабилност и уште еднаш покажаа дека ним им е важен само личниот и партискиот интерес, а не интересот на државата и на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Од владејачката партија велат дека СДСМ...

Спасовски и Безак потпишаа меморандум за заеднички патроли на јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на Словачка во земјава, Мартин Безак, денеска потпишале меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, во врска со заедничките патроли на македонско-грчката граница поради мигрантската криза, соопшти МВР. „Со потпишување на овој меморандум за разбирање, се утврдува постапката за испраќање словачки полициски службеници на територија на Република Македонија за...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...