Заев: Само преку регуларни избори може да биде избрана кредибилна Влада

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

Како што соопштуваат од партијата, двајцата соговорници се согласиле дека алтернатива за Македонија е враќање на демократскиот пат, преку фер и регуларни избори и функционирање на правната држава.

– СДСМ најостро се спротивставува за обидот на Никола Груевски и на Ѓорге Иванов за аболиција на криминалци додека граѓани за 100 ќебапи лежат во затвор. Аболицијата мора да биде повлечена. СДСМ целосно поддржува мирни и ненасилни граѓански протести, кои ја испраќаат пораката за слободна и демократска Македонија – рече Заев.

Тој ги нагласил заложбите на СДСМ и за чист, доверлив избирачки список, медиумски реформи и за овозможување на институциите да работат без партиски притисоци како клучни услови за регуларни избори.

– Само преку регуларни избори може да биде избрана кредибилна влада, признаена од сите, која ќе обезбеди стабилност и перспектива на Република Македонија – рекол Заев на средбата со шведскиот амбасадор.

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во...