fbpx

„Хафингтон пост“: Македонија се лизга кон автократија?

-

Македонската актуелна криза не е од оние „предизвикани однадвор“, туку, пред сè, е поради мрежата на корумпирани политичари на високи позиции, што се плашат дека правдата може да ги стигне, пишува „Хафингтон пост“.

„Политичарите на Балканот се познати по манипулирање на јавноста со „теории на заговор“, тврдејќи дека сите проблеми се „увезени“ однадвор. Играњето на картата на „меѓународен заговор“, заедно со сè уште доминантната етно-политика во македонското мултиетничко и мултикултурно општество, е најдобар начин да се сврти вниманието од овој голем скандал, во кој се опфатени неколку силни политички фигури“, вели „Хафингтон пост“.

И американскиот Стејт департмент и ЕУ остро се спротиставија на одлуката на претседателот Иванов за аболиција, се вели во анализата на „Хафингтон пост“, каде се прогнозира дека претстојните избори во Македонија, закажани за 5 јуни, нема да бидат меѓународно признаени.

Во текстот се вели дека претседателот Иванов би требало да ја повлече аболицијата и да му дозволи на македонскиот правосуден систем да ја врши својата работа. Американскиот портал додава дека претседателот Иванов се чини дека бил под силен притисок од тимот на Груевски да ги потпише аболициите, што предизвикало масовни протести насекаде во земјата.

„На Балканот доаѓа крај на времето на прикривање на политичката корупција и на теориите на заговор што ја манипулираат масата. Силите што се подготвени да се борат против овој стар канцер и да ги поведат нациите кон владеење на правото, како услов за просперитет, закајнуваат“, се вели во анализата на „Хафингтон пост“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...