fbpx

Битолскиот градоначалник реагира по разрешувањето на раководствата на јавните претпријатија

Коњановски најави поднесување иницијатива до Државниот инспекторат за локална самоуправа за да изврши вонреден инспекциски надзор над работата на Советот на општина Битола

-

Откако од Советот на општина Битола завчера беа разрешени управните и надзорните одбори на битолските јавни претпријатија што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, со реакција се јави битолскиот градоначалник Тони Коњановски. Тој ги прогласи за спорни разрешувањата на членовите на раководните тела на претпријатијата, напоменувајќи дека нема да бидат објавени во „Службен гласник на општина Битола“.

Коњановски најави поднесување иницијатива до Државниот инспекторат за локална самоуправа за да изврши вонреден инспекциски надзор над работата на Советот на општина Битола. Сè додека не биде спроведена и правосилно завршена постапката по иницијативата за вонреден инспекциски надзор, тој не планира да ја спроведе одлуката за разрешување на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“, „Паркинзи“, „Жабени“, како и на Културно-информативниот центар.

„Советот не може само да ги разреши сите членови на управните и надзорните одбори, без истовремено да именува нови, како што тоа беше направено на вчерашната седница, бидејќи тоа не е статутарно, а воедно на таков начин се доведува во прашање работата на јавните претпријатија без органи на управување и надзор. Притоа, прекршена е и одредбата од член 17 ѓ од Законот за јавните претпријатија, во која што е утврдено во точно кои случаи може да бидат разрешени членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија“, вели градоначалникот Коњановски.

Тој упати критика до претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска дека работи незаконски.

Инаку, одлуката за разрешување на членовите на управните и надзорните одбори на битолските јавни претпријатија беше донесена на завчерашната седница, по точка на дневен ред што беше поднесена од СДСМ. Покрај советниците од оваа коалиција, неа ја поддржа и советниците од независната листа „Поинаку“ и Левица.

Од СДСМ се заблагодарија на сите советнички групи што го поддржале разрешувањето на членовите на управните и надзорните одбори на битолските јавни претпријатија, напоменувајќи дека тие работат недомаќински или работат во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најголемиот виновник за состојбите во Битола е токму градоначалникот Тони Коњановски кој со месеци молчи и ништо не презема додека пред очите му се случува колапс на Битола. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Коњановски избра да слугува на ДПМНЕ, а не да работи во интерес на Битола“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија

Филмот „М“ на Вардан Тозија, дистописка приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување...