fbpx

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ силно насочена кон наоѓање излез од кризата

-

ВМРО-ДПМНЕ е силно насочена кон наоѓање решенија и начин за излез од актуелната политичка криза, истакнал лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, на средбата со пратеничката на Европскиот парламент и претседателка на неформалната група на паријатели на Македонија, Маријана Петир.

На средбата, на која разговарале за стратешките цели на државата, евроатлантските интеграции и за актуелните случувања поврзани со политичката криза, Груевски посочил дека „најсилен интерес на граѓаните е кризата наметната од СДСМ да биде што побргу надмината“.

„На тој план треба да биде почитувана и волјата на граѓаните како најсилен критериум и оценка во дејствувањето на политичките субјекти во државата“, рекол Груевски, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Европратеничката Петир истакнала дека е потребно придржување на Договорот од Пржино и на преземените обврски од него и дека изборите се начинот за излез од политичката криза.

Во врска со интеграциските процеси, како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рекол дека стратешки интерес е членството во Европската Унија и во НАТО и дека континуирано се преземаат чекори поврзани со реформската агенда во насока на исполнување на критериумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...