fbpx
Таг: политичка криза

таг: политичка криза

Груевски и Хојт Ји разговараа за надминување на политичката криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес со заменик помошникот државен секретар на САД, задолжен за прашања за Европа и Азија, Хојт Ји разговарал за теми врзани со надминувањето на политичката криза во државата, за начините и модалитетите за излез, како и за остварување на стратешките цели на државата во поглед на реализација на интеграциските процеси. Како што стои во соопштението,...

Собранието ги одложи изборите – нема нов датум

Со 96 гласа „за“ и ниту еден против пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик, со кои се одложуваат изборите, кои претходно беа закажани за 5 јуни. Нов датум не е утврден со измените. На гласањето му претходеше жестока расправа, која траеше повеќе од еден час, а почна по обраќањето на пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, кој рече дека денешната одлука...

Хајндл утре повторно во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопшти денеска германската амбасада. „Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...

Заев со Хојт Ји: Поништување на одлуката за аболиција што поскоро

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска со заменик-помошник на државниот секретар на американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји разговарал за актуелната политичка сосојба во земјава и продлабочувањето на кризата со одлуката за аболиција од страна на Ѓорге Иванов. Како што соопштуваат од партијата, Заев го запознал високиот американски претставник со принципиелните, цврсти ставови на СДСМ за враќање на слободата, демократијата...

Столтенберг: Иванов да го повлече помилувањето за да останат шансите за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да и ги урне надежите за влез во Северноатлантската алијанса, јавува „Ројтерс“ Во својата прва реакција за кризата, Столтенберг го повика претседателот Ѓорге Иванов да го повлече помилувањето на политичарите и нивните соработници. - Вратата на НАТО e сè уште отворена, но особено е важно лидерите...

Собранието ги врати Чавков и Спасов за министри, за СДСМ тоа е погубно сценарио

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на почетокот на првата седница откако Уставниот суд ги стави во мирување сите претходно досени одлуки, ги констатираше оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици – министри од редовите на СДСМ. Веднаш потоа беа избрани „нови“ министри - Митко Чавков за министер...

Коцијанчич: Нема услови за избори, нешто треба да се преземе, ние ќе помогнеме

Ги повикуваме политичките лидери во земјата и релевантните власти да преземат одлучни чекори за решавање на сегашната состојба, со целосно почитување на Договорот од Пржино, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање како Брисел и европските фондови ќе продолжат да соработуваат со македонските власти за бегалската криза, ако новата влада не биде признаена од меѓународната заедница. -...

Брисел: Ако има избори на 5 јуни, тие нема да бидат признаени од меѓународната заедница

Брисел жали што континуираната политичка криза ја оддалечува земјата од евроатлантските аспирации, соопшти за „Мета“ портпарол на Европската комисија. - Комисијата забележа дека неколку партии до вчерашниот краен рок не ги поднеле своите кандидатски листи до Државната изборна комисија. Не гледаме дека се создадени минимални услови за веродостојни избори на 5 јуни 2016 година, кои би биле признаени од меѓународната...

Хајндл идната недела ќе донесе предлози и идеи за решавање на кризата

Специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл, идната недела повторно ќе дојде во Македонија, на средби со потписниците на Договорот од Пржино. Тој тогаш ќе донесе нови предлози и идеи за надминување на политичката состојба во земјава, дознава „Мета“. Според информациите, вчера и денеска на средбите со лидерите на политичките партии ги слушал нивните предлози и сугестии за излез од политичката криза,...

Тачи: Договорот од Пржино е мртов, време е за нов договор

Договорот од Пржино е мртов, време е за нов договор, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со германскиот специјален претставник на Македонија, Јоханес Хајндл во германската амбасада во Скопје. Тој, за идејата на Ахмети за свикување на Собранието, вели дека е лош маркетиншки трик. - Ние осум дена и осум ноќи разговараме и сега јас ли треба да...

Ахмети: Бараме начин повторно да се свика Собранието

Консултираме домашни и странски експерти во врска со тоа како може да го вратиме Собранието во функција, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл. Тој рече дека го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни. - Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за...

Заев за разговорот со Хајндл: Нема конкретни резултати, ова се почетни средби

„Ништо конкретно не се договоривме, ова се почетни разговори“, изјави по 45-минутната средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Веднаш по Заев, на средба со Хајндл пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби, и на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. По средбата со Ахмети, Хајндл ќе се сретне...

Хајндл се сретна со Заев и со Шекеринска

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, утрово се сретнаа со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл, во германската амбасада во Скопје. На средбата се очекува да се разговара за политичката криза во Македонија и за начините како би можела таа да се реши. По средбата со челниците на СДСМ, Хајндл во 9.30 ќе има средба...

Хајндл: Времето е кратко, потребен е заеднички напор од сите партии

Германскиот дипломат Јоханес Хајндл, по пристигнувањето во Македонија, соопшти дека е дојден за да се запознае со ситуацијата во земјата. - Дојдов да се запознаам со ситуацијата и да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД, да резултира со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека...

Хајндл денеска во Скопје

Германскиот дипломат и специјален пратеник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, денеска ќе пристигне во Скопје, во обид да помогне во решавање на политичката криза. За време на дводневната посета, Хајндл ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со други амбасадори на членки на...

Гарет: Политичките лидери треба итно да се договорат

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на својот твитер-профил вели дека итно е потребно политичарите да се договорат и да ја решат политичката криза. „Пролонгираната несигурност за тоа како политичките лидери ќе ја решат политичката криза, останува да биде голема загриженост за социјалната, безбедносната и за економската добросостојба на земјата. Политичките лидери треба итно да се договорат и да најдат веродостоен...

Бејли: Во контакт сме со партиите, бараме решение за кризата

Американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека амбасадорите во земјата продолжуваат да работат заедно со партиите за излез од политичката криза. - Заедно со мојот колега од Европската делегација сме во контакт со партиите и работиме со нив на наоѓање решение за излез од политичката криза. Нашaта посветеност е силна и продолжуваме да работиме на тоа - изјави Бејли, кој во...

Хајндл утре пристигнува во Скопје

Специјалниот пратеник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Македонија, соопшти денеска германската амбасада во Скопје. Хајндл, кој воедно е и германски амбасадор во Австрија, за време на посетата ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и со другите амбасадори на...

Орав: Нема повеќе време, потребни се брзи и сериозни одлуки

„Политичката криза станува сè подлабока. Потребни се брзи и сериозни одлуки. Нема повеќе време за одложување и за опструкции“, рече евроабмасадорот Аиво Орав на прославата по повод 9 Мај, Денот на Европа во ЕУ-Инфоцентарот. - Договорот од Пржино од минатата година, создаде надеж кај политичките партии, граѓаните и кај меѓународната заедница. За жал, во изминатава година видовме опструкции, одложувања и...

Орав: Кризата во Македонија трае предолго

Евроамбасадорот Аиво Орав на денешната традиционална средба по повод Денот на Европа, со амбасадорите од земјите членки ЕУ, актуелниот и со поранешните вицепремиери за европски прашања, рече дека кризата во Македонија трае предолго и дека треба да се донесат тешки и сериозни одлуки. - Минатиот месец го видовме и самиот леден брег кога беше донесена одлуката за аболиција. Нема време...

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Специјалистите по семејна медицина утре ќе одржат акција наменета за граѓаните за мерење на крвен притисок, гликемија, пикфлоуметрија и давање на совети за здрави животни навики, соопшти Здружението на...