fbpx

Ахмети: Бараме начин повторно да се свика Собранието

-

Консултираме домашни и странски експерти во врска со тоа како може да го вратиме Собранието во функција, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл.

Тој рече дека го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни.

– Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за Договорот од Пржино. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни, сметаме дека не би било добро да се одржат поради имиџот на нашата земја. Бараме начини за да може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и од странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи тоа, ќе се отворат многу други прашања – изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ не сакаше да открие на кој начин би можело Собранието повторно да се свика и дали тоа ќе се реализира преку Уставниот суд. Тој одговори дека сè уште го барат патот како да се стори тоа.
Ахмети рече дека за оваа негова иницијатива разговарал со сите политички субјекти во државата.

Во германската амбасада во Скопје, на средба со специјалниот пратеник Јоханес Ханјдл пристигна и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Засега нема најава за средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Попладнево Хајндл ја завршува дводневната посета на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...