fbpx

Хајндл се сретна со Заев и со Шекеринска

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, утрово се сретнаа со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл, во германската амбасада во Скопје.

На средбата се очекува да се разговара за политичката криза во Македонија и за начините како би можела таа да се реши.

По средбата со челниците на СДСМ, Хајндл во 9.30 ќе има средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а во 10.30 и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Вчера, германскиот специјален пратеник се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски , со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Се очекува попладнево да ја заврши дводневната посета на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...