fbpx

Заев со Хојт Ји: Поништување на одлуката за аболиција што поскоро

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска со заменик-помошник на државниот секретар на американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји разговарал за актуелната политичка сосојба во земјава и продлабочувањето на кризата со одлуката за аболиција од страна на Ѓорге Иванов.

Како што соопштуваат од партијата, Заев го запознал високиот американски претставник со принципиелните, цврсти ставови на СДСМ за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.

– Се што рековме се покажа дека е вистината. Очигледно денеска Собранието ќе ја промени одлуката и изборите ќе се одложат. Тоа што беше неможно одеднаш стана возможно. Но, едностраните одлуки, насилното поништување на техничката влада ја усложнуваат длабоката криза и ја загрозуваат иднината на државата. Нема да дозволиме некој да ја држи Македонија во заложништво- рече претседателот Заев.

Според Заев, решенијата може да се бараат во рамки на принципите договорени во Пржино како владеењето на правото, одговорноста и создавањето на сите неопходни услови за слободни, фер и кредибилни избори. Во спротивно, како што истакнал лидерот на опозициската партија, револтот на граѓаните може да ескалира.

– Поништување на одлуката на Иванов за аболиција мора да се случи што поскоро. Основно демократско начело е дека сите граѓани се еднакви пред законите и тоа мора да се обезбеди. Владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни, фер и кредибилни избори се клучни процеси за враќање на правдата, слободата и демократијата во Република Македонија. Само така Македонија може да зачекори во сигурна и подобра иднина за сите граѓани – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...