fbpx

Хајндл утре пристигнува во Скопје

-

Специјалниот пратеник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Македонија, соопшти денеска германската амбасада во Скопје.

Хајндл, кој воедно е и германски амбасадор во Австрија, за време на посетата ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и со другите амбасадори на ЕУ-земјите.

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, минатата недела повторно изрази загриженост поради политичката состојба во Македонија, поради што го назначи Хајндл да помогне во наоѓањето излез од ќор-сокакот, во кој влезе политичката криза по аболицијата на политичари и на нивни соработници.

– Амбасадорот Хајндл ќе соработува со Европската комисија и со САД и со други партнери за да ги поддржува во нивното посредување при надминувањето на внатрешно-политичката криза – соопшти портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер, на минатонеделната прес-конференција во Берлин.

Хајндл се смета за „тешкаш“ во германската дипломатија и за добар познавач на состојбите на Балканот, имајќи предвид дека бил шеф на одделот за Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...