Притвор за возач на камион кој криумчарел 69 мигранти

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од МВР, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради илегален транспорт на мигранти.

„Осомничениот пред два дена во раните утрински часови го паркирал своето товарно моторно возило – камион марка „мерцедес“, на паркиралиште во близина на бензинската пумпа „Окта“ на граничниот премин Богородица. Камионот бил погодно направен за криумчарење мигранти, кои преку специјален отвор што се наоѓал на подот на шасијата, незабележано влегувале од под паркираното возило во товарниот простор. На ваков начин, осомничениот со претходно добро организирање, прифатил 69 мигранти од кои 13 биле малолетни лица“, велат од Основното јавно обвинителство.

Основниот суд Скопје 1 на осомничениот му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...