fbpx
Таг: политичари

таг: политичари

Помилувањата за Груевски, Мијалков, Црвенковски, Јанкулоска и за други, објавени во „Службен весник“

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари експресно е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на лицата помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана...

НСДП: Иванов и официјално ја прогласи Македонија за мафијашка држава

Со амнестијата на организираниот криминал и со аболицијата на криминалците, Иванов ги погази сите атрибути на една демократска и правна држава и официјално ја прогласи за мафијашка држава, стои во реакцијата на Нова социјалдемократска партија (НСДП) на денешната одлука на претседателот на држвата, Ѓорге Иванов. „На 8 септември 1991 година граѓаните прогласија самостојна, суверена и независна Република Македонија, а денеска...

Иванов фрли „бомба“: Ги амнестираше и ги аболираше политичарите против кои се водат постапки

Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија. - Со намера да придонесам во решавањето на кризата, свесен за последиците врз државата и граѓаните ако не се преземе нешто да се реши оваа тешка криза,...

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава...

Левица: Да се откријат имињата на Македонците што имаат офшор-сметки во Панама

Новоформираната политичка партија Левица бара да се откријат имињата на Македонците што се поврзани со аферата „Панама пејперс“. „Иако Јавното обвинителство наводно отвори постапка во врска со овие случувања, јавноста сè уште не знае како противправно биле отворени овие сметки, како ни кое е потеклото на тие милионски суми на средства. Воопшто не сме изненадени што Јавното обвинителство нема намера да го...

Пратеникот од германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин, во посета на Македонија

Пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија, на разговори со официјални претставници на Владата и на политичките партии за актуелната политичка состојба. Освен средбите со македонските претставници, според најавите, Зарацин ќе разговара и со претставници на ОБСЕ и на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Пратеникот во германскиот Бундестаг, Мануел Зарацин,...

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Во отворена војна деновиве влегоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и опозициската партија СДСМ, откако еснафското здружение сите партии ги стави во ист кош како виновници зашто не се повикани на преговорите кои за медиумите се одвиваат зад затворени врати во Клубот на пратениците во Скопје. На барањето на ЗНМ, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот...

Почнаа да течат роковите за изборите: Што нè чека до април?

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за законот за влада и за законот за „бомбите“. Со тоа почнаа да течат роковите за предвремените парламентарни избори, закажани за 24 април 2016 година. В понеделник:  Новите министри и заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на Владата. 1 јануари 2016 година:   Актуелната Влада треба да...

Партиите заиграа силно на картата на заемно обвинување

По еден ден молк по изјавата на дел од амбасадорите во Македонија, кои испратија порака до политичките партии за итно спроведување на Договорот од Пржино, денеска учесниците во работните групи повторно меѓусебно се обвинија за кршење на договореното. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ пред Клубот на пратеници во Скопје го обвини СДСМ дека „сака да ја продлабочи политичката криза и да ја загубиме...

Политичарите нека се караат, економијата нека ни ја остават нам, велат бизнисмените

Бизнис-заедницата во Македонија поминала многу кризи, а економијата успеала да биде отпорна и да се носи со предизвиците. Неофицијално, сепак признаваат дека функционираат како во предизборен период, на стенд-бај со своите деловни активности. - Преголемата политизација влијае депримирачки врз економијата, но ние максимално се заложуваме позитивните трендови што ги имаме во стопанството, да продолжат. Нема причини да се воведат какви...

Груевски во Мадрид на политички и на бизнис-средби

Премиерот Никола Груевски, во Мадрид на маргините на конгресот организиран од Европската народна партија, имаше низа куси средби и разговори со повеќе европски политички лидери и со политичари. Груевски, информираа од владината прес-служба, имаше средби и разговори со премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со комесарот на ЕУ за проширување и за добрососедска политика,...

Тасева: Корупцијата во „Телеком“ е потврда за договорот за ненапаѓање меѓу политичарите

Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност Македонија“ вели дека последните наводи изнесени за корупција во „Маѓар телеком“ се само уште една потврда дека нашите институции не сакаат да го истражат овој случај. - Не зборувам за тоа дали има капацитет или нема, нема потреба од многу капацитет за ова да се истражи затоа што сè е документирано. Поразителен е фактот дека...

Политичарите и граѓаните различно си го честитаа Денот на независноста

Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста. Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина на Македонците по 24 години независност, други, пак, за тоа како ќе го подобрат животот...

Ердоган бара одземање на имунитетот на политичарите поврзани со терористички групи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е невозможно да се продолжи мировниот процес со курдските милитанти и од парламентот побара на политичарите поврзани со „терористичките групации“ да им се укине имунитетот од кривично гонење. Коментарот на Ердоган е објавен неколку дена откако турското воено воздухопловство ги гаѓаше позициите на Курдската работничка партија (ПКК) на северот на Иран. ПКК соопшти дека...

Денеска нова лидерска средба, договор – невозможа мисија

Нова лидерска средба е најавена за денеска помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Според најавите, тешко дека и денеска ќе се постигне договор, особено откако и двете партии ги зацементираа своите позиции. Груевски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и нема да дозволи да пропадне договорот од 2 јуни,...

Во Австрија почнува состанокот на тајната група Билдерберг

Во малото австриско гратче Телфс - Бухен, викедов ќе се одржи 63. конференцијата на тајната група Билдерберг, на која 140 учесници од 22 земји до недела ќе разговараат за низа актуелни случувања во светот, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Покрај политичари, на состанокот ќе учестуваат голем број светски бизнисмени, претставници на академската заедница, финансиите, медиумите, но и членови на кралските...

Политичарите се раскараа по социјалните мрежи

По фијаското на средбата на лидерите на политичките партии со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, политичарите распалија на социјалните мрежи. Вината за неуспехот на преговорите во Брисел си ја префрлаат едни на други. Еве дел од нивните статуси: Антонио Милошоски: За неодговорното однесување на Заев и Шеќеринска, политичките тензии кои ги предизвикуваат и последиците за Република Македонија: ... жртва на неодговорното политичко однесување на...

Партиите тајно го мерат и го кријат рејтингот

Изминативе неколку дена на социјалните мрежи се појавија резултати од анкети што, наводно, ги правеле политичките партии. Некаде пишува дека СДСМ е со водство пред ВМРО-ДПНЕ со 21 спрема 13 отсто, а некаде, пак, дека владејачката партија е во предност 26 спрема 18 отсто за опозициската партија. Според неофицијални информации, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ сè уште е за неколку проценти повисок од тој на опозициската...

СИРИЗА води со 3 отсто пред Нова демократија

Левичарската СИРИЗА и натаму е прва најпопуларна политичка партија. Според неделната анкета за весникот „Елефтерос типос“, СИРИЗА има поддршка од 30,4 отсто, наспроти Нова демократија, која има рејтинг од 27,3 отсто. На трето место во анкетата за весникот е Комунистичката партија, со поддршка од 4,8 отсто, Река до 4,7 отсто, Златна зора има 3,8 отсто поддршка, а ПАСОК каска зад...

Созреаја гордо: Јавните личности некогаш и сега

Ги гледаме секој ден, а малку ги забележуваме трагите и промените што времето ги остава на нивниот надворешен изглед. Кога влегоа во политиката, сите беа свежи, а по речиси една деценија работа, долгите работни часови, стресот и обврските оставија трага на нивниот физички изглед. Ова не важи само за нашите политичари. Истите физички промени се забележуваат и кај светските и кај...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...