fbpx

Груевски во Мадрид на политички и на бизнис-средби

-

Премиерот Никола Груевски, во Мадрид на маргините на конгресот организиран од Европската народна партија, имаше низа куси средби и разговори со повеќе европски политички лидери и со политичари.

Груевски, информираа од владината прес-служба, имаше средби и разговори со премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со комесарот на ЕУ за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, со претседателот на ЕПП во Советот на Европа, Педро Аграмунт, како и со Давид Мекалистер, европратеник од ЦДУ од Германија, со словенечкиот европратеник Алојз Петерле и со поранешниот премиер на премиер на Словенија, Јанез Јанша.

Груевски заедно со економскиот тим од Владата, во чиј состав е заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Горан Мицковски, учествуваше на бизнис-форум кој се одржа во Мадрид.

Премиерот Груевски посочи дека меѓу главните предности што ги има создадено Република Македонија во последните неколку години, а се важни за водење на бизнис, се промените во бизнис-климата каде што има значително подобрување.

– Македонија е држава со исклучително ниски трошоци за правење на бизнис, држава која ги намали во голема мера бирократските процедури за водење бизнис, во таа насока го спроведовме и проектот регулаторна гилотина во соработка со стопанските комори и со приватните компании, при што елиминиравме илјадници бирократски процедури во полза на компаниите, и домашните и странските – истакна Груевски.

Претседателот на Стопанската комора за индустрија, трговија и за услуги на Мадрид, Артуро Фернандез, истакнал дека Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа, со активна помош за инвестирање, претворајќи ја така Македонија во нов рај за инвестиции во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...