Таг: Париз
таг: Париз
Белгија: Уапсени две лица осомничени за нападите во Париз
Белгиските власти соопштија дека уапсиле двајца осомничени за терористичките напади во Париз.
Претставник, кој побарал да остане анонимен, бидејќи се подготвува официјално соопштение, изјавил дека едно од лицата е приведено на националниот аеродром во Брисел, додека се обидувало да се качи во авион за Мароко.
Според наводите на претставникот, уапсениот веќе двапати се обидувал да отпатува во Сирија.
Другото лице е уапсено...
Франција: Три џамии затворени по нападите во Париз
Три џамии во Франција се затворени по терористичките напади во Париз како дел од сузбивањето на екстремистичките активности, изјави Бернар Казнев, францускиот министер за внатршни работи.
Како што истакна Казнев, во Франција првпат се затворени џамии поради „радикализација“.
Една од џамиите, 35 километри источно од Париз, во местото Ланји-сур-Мар, беше мета на рација рано утринава, кога полицијата заплени еден пиштол со...
Почна Конференција за климатските промени во Париз
Конференцијата за климатските промени официјално е отворена во Бурже, во близина на Париз.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд, и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, заедно ги дочекаа 147 светски лидери.
Шефовите на држави и на влади ќе имаат по три минути да говорат на првиот ден од 21. светска конференција за климатски промени.
Самитот се одржува во момент кога во Франција на...
Обама им оддаде почит на загинатите во нападите во Париз
Американскиот претседател Барак Обама го посети местото на нападот во концертната сала „Батаклан“ во Париз.
Обама, придружуван од францускиот претседател Франсоа Оланд и од градоначалничката на Париз, Ан Идалго, положи рози на местото каде терористите убија 90 лица.
Мерките за безбедност се засилени во Париз поради доаѓањето на американскиот претседател, кој учествува на конференцијата на ОН за климатските промени.
Конференцијата почнува денеска, а...
Иванов на Самит на климатски промени во Париз
На отворањето на 21. Самит за климатски промени, што се одржува во Париз, од денеска до 11 декември ќе учествува претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Иванов ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на Самитот за климатски промени. Самитот ќе биде свечено отворат од претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и генералниот секретар...
Претседателот Иванов на Самитот на ОН за климатските промени во Париз
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на отворањето на 21. Самит за климатски промени (COP21), што се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов.
Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на самитот, кој свечено ќе биде отворен од...
Светските лидери се собираат во Париз, на Самитот на ОН за климатските промени
Лидерите на речиси 150 земји од светот се собираат во Париз на Самитот на Обединетите нации за климатските промени, кој почнува утре (30 ноември), јавуваат светските медиуми.
На 21. сесија на Конференцијата на членките (COP 21), светските лидери, меѓу кои и претседателите на САД, Кина, Индија и на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), како најодговорни за емисијата на штетни гасови, ќе...
Покренато обвинение и против шестиот осомничен за тероризам во Париз
Белгиски судија денеска покрена обвинение и против шестиот осомничен за поврзаност со терористичките напади во Париз пред две недели, во кои 130 лица беа убиени, соопшти сојузниот обвинител.
Во соопштението се наведува дека, вчера во Брисел едно лице било приведено на сослушување и дека истражниот судија му одредил притвор и го обвинил за терористички напади и учество во активности на...
Оланд: Франција е вовлечена во кукавичка војна
Во Париз е одржана национална комеморација за 130 жртви на терористичкиот напад од 13 ноември.
Во трогателниот говор, францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека „Франција е вовлечена во кукавичка војна, но оти Французите не сакаат да бидат вовлечени во омраза и страв“.
#BREAKING Hollande: We'll respond to attacks by 'singing more songs', going to concerts, stadiums pic.twitter.com/7EfSWMcTfm— Agence France-Presse (@AFP) November...
Полиција, детектори и кучиња – Скопје деновиве како Париз и Брисел
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека „превентивно е подигнато нивото на безбедност за да им се обезбеди сигурност на граѓаните“, а тоа се потврдува и деновиве на спортски настани, јавни собири и концерти кога повеќе од забележливо е присуството на редовните и специјални полициски единици и строг режим на контрола на посетителите на манифестациите.
Зголемено присуство на...
Германија: Уапсено лице што го продало оружјето за нападите во Париз
Германските власти уапсиле 34-годишен маж, осомничен за илегална набавка и за продажба на оружје, соопшти германското обвинителство.
Весникот „Билд“ јавува дека уапсениот е осомничен дека го продал оружјето користено во терористичките напади во Париз и оти тоа било купено преку интернет.
Оружјето „калашњиков“ е купено на 7 ноември преку интернет од германскиот продавач од Бадер-Виртемберг, на југозападот на Германија, наведува германскиот...
Намалена опасноста од напади во Брисел од највисоко четврто на трето ниво
Белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од белгиските медиуми.
Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат во градот и дека е...
Орбан: Сите терористи се мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека сите терористи се мигранти. Тој ова го изјави во интервју за „Политико“.
- Се разбира, тоа не се прифаќа, но фактичката состојба е дека сите терористи се, главно, мигранти. Прашањето е кога тие ќе се преселат во Европската унија – рече тој.
Изразувајќи го своето мислење за терористичките напади во Париз и за нивните последици,...
Франција: Објавена фотографија од третиот бомбаш-самоубиец
Француската полиција објави фотографија и од третиот бомбаш-самоубиец, кој се разнесе пред фудбалскиот стадион „Стад де Франс“, за време на терористичкиот напад во Париз.
Полицијата преку социјалните мрежи побара помош од граѓаните за неговото идентификување.
Во меѓувреме, „Би-Би-Си“ објави дека мажот од фотографијата на 3 октомври пристигнал на грчкиот острово Лерос под името М. ал-Махмод, и оти бил со група сириски...
Францускиот парламент изгласа продолжување на вонредната состојба
Горниот дом на францускиот параламент одобри продолжување на вонредната состојба во земјата за три месеци, јавуваат агенциите.
За таа одлука гласале 336 пратеници, додека 12 биле против.
Францускиот долен дом на парламентот вчера одобри продолжување на вонредната состојба, пренесува АП.
Вонредната состојба во државата ќе ѝ овозможи на полицијата да апси и да врши претреси, а властите ќе можат да забранат движење...
Министерски состанок на ЕУ за построги контроли на надворешните граници
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на состанокот, закажан за утре, треба да ги договорат мерките за построга контрола на надворешните граници од Шенген-зоната по терористичките напади што се случија на 13 ноември во Париз, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ.
Според документот кој ќе биде на маса, министрите се очекува да се договорат за „итно спроведување на...
Париз: Потврдена смртта на мозокот на терористичките напади
Француското обвинителство потврди дека Абделхамид Абауд, еден од организаторите на терористичките напади во Париз, е убиен вчера во полициската акција во париското предградие Сен Дени.
Абауд е идентификуван според отпечатоци од прсти.
Во серијата терористички напади, извршени на 13 ноември во главниот град на Франција, загинаа 129 лица, а повеќе од 350 се повредени.
Убиен организаторот на масакрот во Париз
Наводниот организатор и мозок на 13-ноемврискиот масакр во Париз, Абделхамид Абауд, денеска е убиен во акцијата на француската полиција во париското предградие Сен Дени, јавуваат светските медиуми.
Абауд, кој бил мета на специјална операција, е убиен, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца високи претставници на европското разузнавање.
Според други извори, само делови од телото биле пронајдени на местото на...
МВР: Четири лица со име Ахмад Алмохамед поминале низ Македонија!
Македонската полиција регистрирала четворица мигранти со сириско потекло кои транзитирале низ земјава под името Ахмад Алмохамед, за кое се претпоставува дека е идентитетот на еден од извршителите на терористичките напади во Париз, во петокот минатата недела, информираат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму велат дека во сите четири случаи, лицата имале различни генералии и дека поседувале грчки...
Голема полициска акција во Париз, најмалку двајца убиени
Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми.
Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една жена, која се разнела самата, активирајќи самоубиствен елек.
Полициската операција почнала утрово, околу 3.30 часот, според...