Таг: Париз
таг: Париз
Оланд: Франција е во војна, ќе ја уништиме ИД
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека земјата е во војна и дека Европа мора итно да реагира за да не дојде до нејзина деконструкција.
Оланд говореше пред двата дома на францускиот парламент во Версај, што се случува многу ретко, а своето обраќање го почна со една минута молк, во чест на жртвите на терористичкиот напад во Париз.
- Ова не е...
Француската амбасада во Скопје со едноминутно молчење за жртвите во Париз
Амбасадата на Република Франција во Скопје, во 12 часот, со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите на терористичките напади во Париз.
Во француската амбасада се отвори и книга на жалоста, која ќе биде отворена од денеска до среда, од 10 до 13 часот.
Во Франција уапсени 23 лица, а 100 се во домашен притвор
Француските власти соопштија дека полицијата извршила проверка на 168 локации низ земјата по смртоносните напади во Париз.
Министерот за внатрешни работи, Бернард Казеневе, изјави денеска дека 23 лица биле уапсени, а повеќе од 100 се наоѓаат во домашен притвор.
Полицијата трагаше по соработниците на групата што ги изврши нападите во францускиот главен град, при кои загинаа 132 лица.
Едноминутен молк во Собранието за жртвите во Париз
По предлог на пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, пратениците во Собранието на Македонија со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите во синхронизираните терористички напади во Париз, пред да почнат со расправата по двете точки на дневниот ред.
По предлог на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски, прва точка за расправа на дневниот ред е одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и...
Едноминутно молчење за жртвите од нападите во Франција
На последниот ден од тридневната жалост во Франција, попладнево со една минута молчење ќе им биде оддадена почит на жртвите на терористичките напади во Париз.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, по нападите во кои загинаа околу 130 луѓе, а повеќе од 350 беа ранети, прогласи вонредна состојба во земјата со зголемени безбедносни мерки, како и контрола на границите, а распоредени се...
Осомничениот терорист бил запрен од полицијата во Франција, па пуштен
Еден од осомничените за нападот во Париз, Салах Абдеслам, бил запрен од француската полиција, но по контролата го пуштиле да го продолжи патот кон Белгија.
Како што се наведува, полицијата неколку часа по нападот во Париз, на границата со Белгија, го запрела возилото во кое бил Салах Абдеслам, и тоа откако веќе бил идентификуван како личност што изнајмила „поло“, пронајдено на место...
Иванов на конференција на УНЕСКО во Париз
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО.
Тој ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето на лидерскиот форум, на тема „70 години УНЕСКО - мир и одржлив развој во сложен свет“.
Македонскиот претседател ќе присуствува...
ВИДЕО: Првите пукотници во салата „Батаклан“
Кратка снимка на која се слуша самиот почеток на пукањето во концертната сала „Батаклан“, се појави на „Јутјуб“.
Во првите мигови, членовите на бендот, кои ја прекинуваат свирката, но и публиката во првите редови, не знаат што се случува.
https://www.youtube.com/watch?v=sDUL9ra6nz8
Еден од париските терористи минал низ Македонија
Сириски државјанин кој учествувал во вчерашниот терористички напад во Париз, минал по таканаречениот балкански коридор, информираат француските телевизии. Тој, според нив, заедно со илјадниците бегалци од Грција, минал низ Македонија, па преку Србија, Хрватска, Словенија, Австрија и Германија, стигнал во Франција.
Дека оваа, засега неофицијална информација, е можна, потврди и грчкиот министер за јавен ред, Никос Тоскас, кој изјави дека сирискиот терорист бил...
Груевски го осуди терористичкиот напад во Париз
Терористичкиот напад во Париз што се случи синоќа однесе огромен број жртви и тоа е грозоморен чин што го осудуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Тероризмот, како што истакнува Груевски, станува сè поголема закана за светот, вклучувајќи ја и Европа. Според неговите зборови, нема држава што е имуна на терористички напади и секоја може да биде предмет на таков напад.
- Секоја држава треба да...
Ахмети: Oдземањето нечиј живот не се прави во име на која било националност, раса или религија
Oдземањето нечиј живот и овие терористички акти не се прават во име на која било националност, ниту една раса, ниту религија, но се акти на лудило кое заслужува поголема казна и не се вклопува во нашиот поглед на светот, се вели во соопштението со сочувството што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го испраќа до францускиот народ.
„Франција и францускиот народ...
ВМРО-ДПМНЕ го осуди монструозниот терористички напад во Париз
ВМРО-ДПМНЕ го осудува монструозниот терористички напад што вчера се случи во Франција, во кој жртви беа стотици невини луѓе.
„Ова претставува удар не само за Франција и за францускиот народ, туку и удар кон демократските вредности и слободата. Нашите мисли се со францускиот народ затоа што Македонија најдобро ја разбира ваквата болка. Македонија сочувствува со жртвите од терористичкиот напад во Париз затоа...
ИД ја презеде одговорноста за нападите во Париз
Исламската држава на Ирак и на Сирија ја презеде одговорноста за нападите на шест локации во францускиот главен град Париз, при што досегашниот биланс е 128 загинати и речиси 200 повредени.
Како што јави телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“, терористичката група упатила електронска порака до поддржувачите во која се наведува дека осуммина милитанти со појаси со експлозив и вооружени со автоматски пушки...
Во Париз нема повредени Македонци
Од македонската амбасада во Франција за МРТ соопштија дека засега нема настрадани и повредени Македонци во синоќешните напади во Париз, во кои, според досегашните сознанија, животот го загубија најмалку 126 лица, во седум синхронизирани напади.
Габриел Атанасов, министер-советник во македонската амбасада во Франција, во телефонска изјава за МРТ вели дека досега никој не побарал помош од амбасадата. Додава дека македонската амбасада...
Асад: Во Сирија веќе пет години се случува тоа што му се случи на Париз
Претседателот на Сирија, Башар ал Асад, изрази сочувство на француските пратеници поради терористичките напади во Париз, укажувајќи дека истото се случува во Сирија веќе пет години.
– Во Франција вчера се случи тоа што во Сирија се случува веќе пет години - изјави Асад на средбата со француските парламентарци во Сирија, во рамки на која ќе имаат средба и со шефот...
Вознемирувачка снимка: Луѓе бегаат од масакрот во салата „Батаклан“
Најголемиот масакр во Париз се случи во концертната сала „Батаклан“, каде терористите убија 120 луѓе.
Заложниците бегаат на улица по терористичкиот напад, но се пука по нив и додека трчаат. Дел се убиени, остануваат да лежат, а други ги прескокнуваат телата на убиените и ги влечат.
На снимката која е направена од жител на Париз, кој живее до салата, се гледа како девојки висат...
Српската тенисерка Ана Ивановиќ, заробена во Париз
Српската тенисерка Ана Ивановиќ е заробена на парискиот стадион „Стад де Франс“, јавуваат странските медиуми.
На „Твитер“ е објавена фотографија на која се гледа тенисерката како стои зад новинарите кои се јавуваат во живо во информативните емисии на телевизиите.
Голем пожар во бегалски камп во Париз
Само неколку часа по крвавите терористички напади во Париз, голем пожар изби синоќа во бегалскиот камп во близината на пристаништето Кале.
Повеќе пожарникари се бореле со огнената стихија, а сите присутни во кампот биле евакуирани.
Сè уште не се открива дали има жртви во пожарот, а заменикот на градоначалникот на Париз, Филип Мињоне, ја отфрла информацијата дека пожарот избил како одмазда...
Заев испрати телеграма со сочувство до Оланд
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по ужасните терористички напади во Париз, упати тереграма со сочувство и со поддршка до францускиот претседател, Франсоа Оланд, до семејствата на жртвите и до граѓаните на Париз и на Република Франција.
„Изразувам искрено и длабоко жалење и сочувство за жрвите во грозоморните терористички напади што минатата ноќ ги потресоа Париз и светот, во мое име,...
Македонците во Париз за помош да се обратат во македонската амбасада
Нема информации дали македонски државјани што престојуваат во Париз побарале помош по вчерашните терористички напади што се случија во француската престолнина.
За сите информации Македонците во Париз можат да се обратат во Амбасадата на Македонија, која се наоѓа на улица 21, rue Sebastien Mercier 75015,
Исто така, помош можат да побараат и на телефоните: 331 45 77 10 50, 331 45 77 85 7, 331 45 77 10 73, 331...